Италијанскиот голман беше еден од најзаслужните што ПСЖ конечно го оствари сонот и минатата сезона ја освои Лигата на шампионите. Сега премина во Манчестер Сити а вечерва на големото дерби против вечниот градски ривал Јунајтед имаше фантастична парада. Сити води 2-0 со головите на Фил Фоден во 18-та минута и на Халанд во 53-та.