Германија е нов европски шампион!

Светскиот шампион Германија ја обедини и европската титула откако вечерва во феноменално финале со драматична завршница ја совлада одличната Турција 88:83!

Во големото финале во „Рига Арена“ во Летонија се играше отворена кошарка од прва до последна секунда. По неверојатна борба Германија стигна до европското злато и ја обедини европската со светска титула!

Турција како и во целиот тек на Европското првенство играше во транс, предводена од Алперен Шенгун, Шејн Ларкин и Охриѓанецот Чеди Осман. Отворија избраниците на Ергин Атаман со 5-0 пред Франц Вагнер да го намали резултатот од слободни фрлања.

Набрзо следеше јуришна Турција која преку Чеди Осман и Ларкин со тројки се одлепи на 13-2 и ги натера Германците на прв тајм-аут.

НБА ѕвездата Франц Вагнер ги врати „панцирите“ на 13-9.  Во втората четвртина светскиот првак дополнително додаде гас и првпат отиде на +6 (22-28).

Во втората четвртина светскиот шампион се консолидираше и првпат отиде на +6. По тајм-аутот на Атаман Турција го врати ритамот од стартот и со серија поени од Шенгун и Ларкин направи 11-5 и на полувреме водеше 46-40.

Вториот дел донесе „револверашка пресметка“ па од двете страни имаше лудо погодени тројки, од Шрудер и Вагнер од една страна и од Чеди Осман од друга.

Во трета четвртина резултатот се менуваше наизменично, се играше кош за кош па Турците го завршија тој период со предност 72-66.

Четвртата четвртина приреди драматична завршница каква што не се паметела во финале на Европско првенство. 

Селекцијата која покажа најмногу на Европско, Турција имаше +5 па во еден момент и +6 но не успеа до крај да го сочува водството.

Исак Бонга погоди неколку клучни тројки за да ја врати предноста на Германија а пред самиот крај Денис Шродер реализираше два напади по ред од исклучително тешки напади за 83-86 и потоа за конечни 83-88.

Денис Шрудер на крајот доби МВП признание за најдобар играч на финалето.

Третото место и бронзениот медал го доби Грција која предводена од Јанис Атетокумбо ја совлада Финска 92-89.

14 септември 2025 - 21:55