Offside

Најголемата ѕвезда на Барселона и легитимен наследник на вечниот Лионел Меси на „Камп Ноу“, младиот Ламин Јамал вели за својата мајка дека „е негова кралица и дека е она што секое дете може да посака“. Раскажал и како се чувствувал кога татко му го избоделе на улица.

И после кој е тој Берарди

Во Италија не е како порано, составот во репрезентацијата да го сочинуваат играчи претежно од Јуве, Интер, Милан...Манчини има голем избор и во напад тешко е да се реши за двајца во ситуација кога ги има Инсиње, Белоти, Имобиле, Бернандески, Киеза...

Ентони Едвардс - момчето со тешка животна приказна избран како прв пик на НБА драфтот

Синоќа НБА лигата за првпат во историјата одржа онлајн-драфт. Поради глобалниот вирус и мерките, церемонијата на драфтот помина во студиото на ESPN во Конектикат преку видео-конференција.

Ваков дупли пас само Меси и судијава можат

Судијата мора секогаш да следи добро 90 минути за да не пропушти некој спорен момент, а овој во Јапонија ептен се најде и во игра, во обид едниве да организираат брз напад.

И на Тибо Куртоа може да му се случи ваков кикс

Белгија и Данска одиграа супер натпревар во последното коло од Лига на нации со 6 гола. Белгија славеше 4-2, а вториот гол на гостите беше автогол на Насер Шадли или автогол на Куртоа, проценете сами.

Пораз на Македонија од Ерменија, со втор тим толку

Македонската фудбалска репрезентација завршува втора во група и останува во Лига Ц, откако на неутрален терен на Кипар загуби од Ерменија 1:0 на меч без Пандев, Барди, Адеми, Алиоски, Димитриевски, Елмас, Николов, Ристевски, Спировски и Крсте Велкоски.

Па нема појак спикер

Има една смешка од кај нас во кладилница кога еден младич прашал колку е Борусија? Од вработениот добил логично прашање, која Борусија? А царот му одговорил: Мончеблах. Тоа е вистинит хумор, за разлика од царов кој нè изнасмеа за сите пари со пародијава.

Кластер репрезентативен фудбал во светот

Ниту светот на фудбалот не е имун на вториот (или веќе трет) бран на вирусната пандемија. Речиси и да нема клуб чии репрезентативци ќе се вратат позитивни од собирите со националните селекции.

Приемот на Македонија во ФИФА и анегдотата со Ѕинго за знамето

Сторијата за 49-от конгрес на ФИФА во Чикаго, ја има раскажано Илија Атанасовски, починат во 2014-та, како тогашен генерален секретар на ФСМ. Со Ѕинго и Дончо биле сместени во Шеретон во друштво на Пеле, Ди Стефано, Кројф, Еузебио, Платини, Боби Чарлтон, Бекенбауер...

Несекојдневен гол од цел терен во Англија

Во финалето на младинскиот Алијанс Лига Куп во Англија за играчи до 18 години, играа Ротерам и Вимблдон. Мечот го реши голманот на Вимблдон Метју Кокс во 89' со луд гол од своето поле.

Кога ќе го поништиш Хамес Родригез

Еквадор ја уништи Колумбија со 6:1 во квалификациите за СП 2022, а 20 годишниот Гонзало Плата кој игра за Спортинг ја извреѓа ѕвездата на Евертон, ама страшно јако.

Пречката во Севиља уште се дрма по бобмата на Гнабри

Германија доживеа епски пораз од Шпанија во последното коло од Лига на нации. Нојер 6 пати ја вадеше топката од своја мрежа, а неговите соиграчи не можеа ниеднаш да го совладаат домашниот голман. Најблиску беа пред крајот од мечот кога Гнабри распали од 20-ина метри и ќе ја скршеше пречката.

Најтежок пораз на Германија во историјата - Шпанија од нив направи фудбалски Луксембург

Вечерта кога Мануел Ноер се искачи на вечната листа играчи со најмногу настапи, неговата репрезентација доживеа катаклизмичен дебакл од Шпанија - 6:0!

Елмас влета во кадар на Скај во навивачки стил

Дечкото кој ја створи акцијата за историскиот гол на Македонија и кој му скрши кичма на противникот, уште го држи еуфорија. Новинар на Скај Спорт известуваше во живо од базата на Наполи и кога наеднаш оп, се појавува Елиф. Тоа бе царе.

Лабава сервис партија со Тричко, Трајко и Нестор

Напаѓачкото трио се спрема за завршниот удар во овој ноемвриски циклус на репрезентативни напревари. Утре против Ерменија повторно ќе немаат помош од Пандев и Елмас, но тие се доволно зрели и искусни и плус го имаат Влатко Стојановски на клупа за нов триумф или реми, доволно за бараж за СП. Напред момци.

Добро де само другарка ти е, знаеме

И сега чаре? Ќе го бараш камерманот да ја брише лентата? Џабе друже, во живо е мечот, плус ако имаш дома опција за враќање назад на телевизорот, има скрин шот да направи жена ти.

Најубавите акробатски голови откако се игра Лига Европа

Официјалната твитер сметка на Лига Европа нè потсети на најлудите погодоци кои паднале во ова натпреварување. Човек да не знае кој еврогол да го избере на ова гласање. Кој од кој поубав.

Што правеа ракометарите на Металург 43 часа во автобус?

Ова не е вест од 1960-та, туку 2020-та или поточно Ковид невреме во кое ниту за спортски натпревар од европски карактер, не може да се патува нормално на гостување. На Металурзите им се случи патешествие како на апсолвентска.

Двојникот на Пиоли - им обеле коса, исто се носат, во исто време оќелавеа

Приказната за дружбата на Стефано Пиоли и Џакомо Мурели е интересна од неколку причини. Вториов му е помошник на првиот веќе 16 години а во тоа време се како близнаци.

Што имаа заедничко Галијани и Ѕинго?

И по 20 и кусур години, Ѕинго остана синоним за ФК Силекс, кој единствените трофеи ги освои додека паралелно беше и прв човек во тогашниот ФСМ. За неговата смрт се огласија и Комити. Му простуваат.

Како во Холандија тренираат голманите?

Тренингот на голмани во вториот по големина клуб во Ајндховен, изгледа толку интересен што би можел да има и гледачи на трибините. Врхунска методологија со влажна церада која глуми мокар терен, па жабици, па ред други нешта.

Англија би да ја земе организацијата на Евро2021, УЕФА стои на 12 градови

Англиските таблоиди одвреме-навреме буричкаат по можноста најголемиот фудбалски турнир на континентов да го присвојат во својата земја. Чеферин вели дека за сега се останува на предвиденото иако ситуацијата во следните месеци тешко може да се превиди.

Штослест гол со надворешно ефе во Аргентина

Колон и Сентрал Кордоба искористија простор меѓу репрезентативен фудбал да одиграат дуел од аргентинскиот Куп. Домаќинот победи со 2-0, триумфот го запечати 35-годишниот Луис Родригез со штослесто надворешно ефе

Фантазија од гол на Марез

Самиот погодок понекогаш знае да биде само еден обичен шут, како што е примеров со фудбалерот на Сити, ама на тоа му претходеше генијален прием на топка за кој зборуваат сите, па уште и му го испи мозокот на чуварот.