Англија би да ја земе организацијата на Евро2021, УЕФА стои на 12 градови

Англиските таблоиди одвреме-навреме буричкаат по можноста најголемиот фудбалски турнир на континентов да го присвојат во својата земја. Чеферин вели дека за сега се останува на предвиденото иако ситуацијата во следните месеци тешко може да се превиди.

Додека светот страда од пандемија, болниците се преполни, враќањето на публика на стадионите во Европа постојано се одложува, а во домашните првенства секојдневно има нови позитивни случаи, се поставува прашањето како ќе изгледа Европското 2021.

Во моментов 12 градови организатори немаат намера да се откажат од организација на ЕВРО2021, дури ни во услови на вирусот: карти се продаваа и уште се продаваат.

Веќе е познат и составот на групите (ждрепката беше пред 1 година). Ќе има 6 групи, а во плејоф ќе отидат по 2 репрезентации од секоја група и четири најдобри третопласирани. Дома ќе си одат само четвртите места и двете најслаби третопласирани репрезентации.

Во УЕФА во моментов се уверени дека ќе може да се организира Европско според планот, иако некои медиуми пишуваа дека постои можност турнирот да се одигра само во една земја (Англија би била прв фаворит, според нивниот селектор Гарет Саутгејт).

КАКВИ ВАРИЈАНТИ ИМА ВО МОМЕНТОВ?

УЕФА не планира да се откаже од Европско кое носи многу пари, договори, спонзорства, гледаност. Уште едно одлагање би бил сериозен удар врз буџетот а и нема кога затоа што во зимата 2022 се игра Светско во Катар.

Европското 2021 треба да се игра на 11 јуни, плејоф рундата на 27, а финалето на 11 јули. 

прв кој ја лансираше оваа вест беше таблодиот Сан кој подели инсајдер од извор во УЕФА за неколку можни сценарија на развој на Европското.

Можноста за евентуално кратење на градовите домаќини ја спомена и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин:

„Постојано ја следиме ситуацијата како што треба. Но исто така должен сум да кажам дека би можеле да го организираме Европското не во 12 земји, туку во 11, во 8, во 5 или во 1“, рече Чеферин во октомври.

Последна информација од УЕФА, која што ја пренесе Дејли Мејл гласи:

„УЕФА планира да го спроведе Евро2021 во предвидениот формат и на тие места кои беа утврдени претходно. Тесно соработуваме со сите градови домаќини за турнирот. За неизвесноста поврзана со Ковид-19 над која ниту УЕФА, ниту месните организациони органи немаат контрола, во овој момент е рано да се зборува ќе се игра ли во јуни и јули и дали ќе има ограничувања за навивачите“. 

На бирократски јазик - можни се сите варијанти. Англискиот селектор Гарет Саутгејт внесе дополнителна конфузија:

„Невозможно е со сигурност да се каже дека Европското ќе се игра следната година. Мислам дека е можно но тоа можно често ќе се менува во следните неколку месеци. Искрено да кажам, не знаеме. На пролет ќе може да се каже посигурно. Непознато е во каков формат ќе се одигра турнирот“.

УЕФА нормално сака Европското да се одигра со гледачи и сака што побрзо да ги врати на трибините. Фудбалот без навивачи (особено репрезентативниот) е бесмислен. Притоа градовите и земјите домаќини би имале големи приходи од навивачите-туристи.

Според проценките, УЕФА во 2016-та година од продадени влезници и hospitality (вип-ложи и слично) заработила околу 400 милиони евра.

„Несомнено е дека заразата е на улица, особено ако е помал бројот на луѓе со маски од оние без. Во Европа летово ситуацијата со вирусот беше добра и покрај некои ограничувања, имаше малку случаи. Вториот бран есенва се покажа потежок така што донесе нови локдауни. Теоретски можни се полни стадиони на Евро2021 но според мене мала е веројатноста УЕФА да се реши на тоа. Големи се ризиците масовни зарази да има од таму (стадионите).

На ситуацијата може да влијае и успешна вакцинација, брзо точно тестирање, мутацијата на вирусот во земјите домаќини итн, вели Евгениј Пинелис реаниматолог од Њујорк.

Во канцелариите на УЕФА преовладува мислење дека масовно тестирање и вакцинирање се единствена можност да се организира Европското во целост. Според The Times, една од варијантите е медицински пасош (во него би имало податоци за вакцини/антитела) со кој би пуштале влез на стадионите.

Од друга страна главниот фудбалски аудиториум се во просек помлади од 50 години и тие не се во приоритетната група за први вакцини во европските земји. 

17 ноември 2020 - 11:31