Offside

Квалификациите за Лига на шампиони сè уште се во тек, но по првите одиграни средби, пред реваншите, веќе ѕиркаат евентуални сензационални пласмани во најелитната лига на свет.

Ни недостига Иниеста во ЛШ

Дечки толку е со репрезентации за годинава. Следува викендашки клупски фудбал, па Лига на шампиони и тоа три недели со ред. УЕФА почна да провоцира на Твитер и тоа со видео на професор доктор Андрес кога пред 8 години му се сипаа тројца од Спартак Москва.

Вртете му на селекторот во изолација, ќе му урламе на видео

Италија со Вентура и Италија со Манчини се две скроз различни приказни, како магаре и слон. Со Роберто не само што Аѕурите газат и играат убав фудбал, туку имаат флуид и слават заедно па дури и кога тој не може да ги води од клупа.

Во Холандија тргнати наследници на петлите кои пред 20 години ги оставиле француски навивачи

Необична приказна ни доаѓа од Ротердам каде на 2 јули 2000 година Франција стана европски шампион откако ја совлада Италија со 2:1 во легендарно финале.

Ептен мангупски потег на Надал

Шпанскиот тениски ас го елиминираше Циципас на Мастерсот во Лондон и се пласираше во полуфинале каде ќе игра против Медведев. Во еден момент го збуни Гркот на мрежа со импресивен волеј удар за кој не постои одговор.

Во Австралија изгледа веќе нема вирус, се собраа рекордни 49.000 гледачи на стадион

Коронавирусот и натаму не ја пушта планетата нормално да живее, но постојат земји каде луѓето лека-полека се враќаат кон нормалниот живот (или бар се обидуваат). Рекордна посетеност во време на пандемија во Австралија.

Голот на годината падна во едно село во Романија

Јунакот се вика Роберт Асавоаеи и игра за третолигашот Штинта Мирослава во Романија. Ова што го направил на меч против ЦСМ Пашчани во триумфот од 4-0 уште долго ќе се зборува. Ако има некоја правдина, ФИФА ќе го стави во најтесниот круг од тројца кандидати за наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол во сезоната.

Најлесниот црвен картон на сезоната

Некогашниот редовен прволигаш Катанија, клуб од Јужна Италија, се натпреварува во трета лига. На нивниот меч против Вибонезе тренерот на Катанија Бепе Рафаеле кај аут линијата спречи една контра на гостите и доби директен црвен картон. За негова среќа Катанија славеше со 2-1.

Чупиќ пак експлодираше од нервоза на тајм аут

Тешко се носеа Вардарци вечерва против лидерот на табелата Кјелце од кој загубија 4 гола разлика, а еден од најискусните, Иван Чупиќ повторно го прекинуваше тренерот Алушевски со конкретни критики, овој пат упатени до бековите на кои им се обрати со: Ќе шутне ли некој високо горе? Пи*ки едни, само долу шутирате.

Кјелце го освои Јане Сандански, немоќна партија на Вардар

Избраниците на Талант Душебаев ја оправдаа фаворитската улога против тимот каде тешко поминуваа изминативе години во Скопје. Европскиот првак дефинитивно не е на шампионското ниво на кое се навикнавме да го гледаме. 

Торпедо на Столе од 9 метри

Вардар бие тешка битка против Кјелце кој важи за фаворит на гостувањето во Јане Сандански. Пољаците водеа +4 на полувреме, а капитенот намали на +3 со еден удар на прва во кој го истури цел бес што не им оди.

Чиро Имобиле за 20 дена има 7 негативни и 5 позитивни тестови

Во 2019/2020 сакаш да си Имобиле, фаца број 1 во Италија и Европа со 36 првенствени гола. Во 2020/2021 нејќеш да си Имобиле, бидејќи повеќе е во лаборатории, отколку на терен. Ковид 19 годинава дефинитивно е ретардирана појава број 1 на планетава.

Фотографија која ја заинтригира хрватската јавност

На една фотографија од 1996 година стојат идните фудбалски ѕвезди на Хрватска: Лука Модриќ и Нико Крањчар. Додека ја гледате треба да знаете дека Нико е постар од Лука само 1 година.

Јосип Броз Тито и Бате Ване, тие се

Од лик како Ванчо Таковски не можеш никогаш да собереш на едно место, од сè она што го кажал во форма на приказна, анегдота или бисер. Нема кај нас сега ваква жива легенда која можеш да ја викнеш во емисија и да извлечеш гостување од ваков калибар.

Не за џабе е најомилен фудбалер на Гвардиола

Англија до врв ја наполни мрежата на Исланд и со 4-0 ги испрати „рибарите“. Стрелец на 2 гола беше Фил Фоден од Сити кој правеше шоу синоќа.

И после кој е тој Берарди

Во Италија не е како порано, составот во репрезентацијата да го сочинуваат играчи претежно од Јуве, Интер, Милан...Манчини има голем избор и во напад тешко е да се реши за двајца во ситуација кога ги има Инсиње, Белоти, Имобиле, Бернандески, Киеза...

Ентони Едвардс - момчето со тешка животна приказна избран како прв пик на НБА драфтот

Синоќа НБА лигата за првпат во историјата одржа онлајн-драфт. Поради глобалниот вирус и мерките, церемонијата на драфтот помина во студиото на ESPN во Конектикат преку видео-конференција.

Ваков дупли пас само Меси и судијава можат

Судијата мора секогаш да следи добро 90 минути за да не пропушти некој спорен момент, а овој во Јапонија ептен се најде и во игра, во обид едниве да организираат брз напад.

И на Тибо Куртоа може да му се случи ваков кикс

Белгија и Данска одиграа супер натпревар во последното коло од Лига на нации со 6 гола. Белгија славеше 4-2, а вториот гол на гостите беше автогол на Насер Шадли или автогол на Куртоа, проценете сами.

Пораз на Македонија од Ерменија, со втор тим толку

Македонската фудбалска репрезентација завршува втора во група и останува во Лига Ц, откако на неутрален терен на Кипар загуби од Ерменија 1:0 на меч без Пандев, Барди, Адеми, Алиоски, Димитриевски, Елмас, Николов, Ристевски, Спировски и Крсте Велкоски.

Па нема појак спикер

Има една смешка од кај нас во кладилница кога еден младич прашал колку е Борусија? Од вработениот добил логично прашање, која Борусија? А царот му одговорил: Мончеблах. Тоа е вистинит хумор, за разлика од царов кој нè изнасмеа за сите пари со пародијава.

Кластер репрезентативен фудбал во светот

Ниту светот на фудбалот не е имун на вториот (или веќе трет) бран на вирусната пандемија. Речиси и да нема клуб чии репрезентативци ќе се вратат позитивни од собирите со националните селекции.

Приемот на Македонија во ФИФА и анегдотата со Ѕинго за знамето

Сторијата за 49-от конгрес на ФИФА во Чикаго, ја има раскажано Илија Атанасовски, починат во 2014-та, како тогашен генерален секретар на ФСМ. Со Ѕинго и Дончо биле сместени во Шеретон во друштво на Пеле, Ди Стефано, Кројф, Еузебио, Платини, Боби Чарлтон, Бекенбауер...