Роналдо фрустриран му скрши телефон на млад навивач

Манчестер Јунајтед одигра уште еден очаен натпревар, заслужено изгуби од давеникот Евертон 1-0 и падна на седмо место во Премиер лига со 5 бода зад позицијата која води во Лига на шампиони. Роналдо претрпе жесток удар во еден дуел по што беше раскрварен. На крајот фрустриран кај трибините му го турна телефонот на еден млад навивач.

Во разговор за Ливерпул Ехо, мајката на 14-годишното дете со аутизам чиј телефон Роналдо му го турнал насилно од рака, вели дека нејзиниот син за првпат доаѓа на фудбалски натпревар и дека едвај чекал да го види идолот Кристијано Роналдо.

Кристијано Роналдо после мечот призна дека погрешил и се извини:

„Никогаш не е лесно да се носите со емоциите во тешки моменти како оние со кои ние се соочуваме. И покрај тоа, ние секогаш мора да покажеме почит, да бидеме трпеливи и да бидеме пример за младите кои ја сакаат оваа убава игра.

Сакам да се извинам за мојот испад и ако е можно, сакам да го поканам навивачот да дојде на натпревар на „Олд Трафорд“ во знак на фер-плеј и спортски дух“, истакна Роналдо.

 

10 април 2022 - 10:31