Фудбалската треска за македонските навивачи не заврши во Порто, туку македонските знамиња продолжија да се вејат и во Лига на шампиони и Лига Европа.
Прво забележливи беа македонските навивачи на Реал Мадрид на Стемфорд Бриџ, а ден потоа и оние кои навиваат на Барселона.
Еден од најверните навивачи на македонската фудбалска репрезентација кој не пропушта гостински натпревар е и голем фан на Барселона.
Се работи за струмичанецот Наце Митев кој го има оној препознатлив банер за Горан Пандев. Го запознавме во Палермо, а инаку живее во близина на Франкфурт.
Ни најави дека ќе оди да ја бодри Барса, а ние го уловивме за време на преносот на Арена. Погледнете го само со каква страст ги бодри каталонците.
И само ние, туку и самиот клуб објави видео од него на официјалниот профил на Инстаграм.
Палермо
Порто
Македонска поддршка во Парма за Пандев
Германија му играше во Минхен, ама Бени замина за Букурешт да ја бодри Македонија