Младиот 20-годишен Ансгар Кнауф, Германец кој игра лево крило за Ајнтрахт Франкфурт каде е позајмен од Борусија Дортмунд, се прослави со еврогол против Барселона на првиот меч од четвртфинале на Лига Европа. Го испружи Тер-Штеген ко мачка. До крајот Каталонците израмнија на 1-1 преку Феран Торес по сјајна акција и со поволен резултат ќе го чекаат реваншот.