Французинот со репортажата да ти бил фанатик по македонски фудбал

Тоа што го прави македонската фудбалска репрезентација изминативе неколку години, не сме ни свесни колку е важно и драгоцено. Не само самите историски резултати кои ги остварува, туку и промоцијата, како и да се слушне и види дека стварно нè бива за фудбал. Замислете Французин има Твитер профил само за мак фудбал.

Ја ѕирнавте ли француската репортажа со македонските навивачи во Порто? Делото е на Рено Марко, човек кој многу сака фудбал и кој е цар за пренесување на навивачка атмосфера.

На неговиот Твитер профил има многу видеа и слики од Порто со кои склопи фантастично и динамично видео од атмосферата која ја прават нашите.

Но има уште еден профил на кој се претставува вака: 

„Македонски фудбалски експерт, навивач на Академија Пандев (шш, тоа е тајна) и горд поддржувач на величествениот македонски национален тим. НАПРЕД МАКЕДОНИЈА“.

На кавер ги ставил нашите јунаци кои слават пласман во баражот за СП, откако го совладаа Исланд со 3:1. 

Марко бил и во Букурешт и се заљубил во атмоферата која ја прават нашите навивачи, но неговата пасија за македонски фудбал не е од тогаш, туку Твитерот го отворил во 2019-та.

Скролавме да ѕирнеме што објавува и што да видиме. Типов не ја следи само македонската репрезентација, туку целосно мак фудбалот. Од настапите на нашите интернационалци, до македонската лига.

Последната објава му е за Милан Ристовски

А пред два дена објавил резултати и табела од првата лига.

На 31 март ја одбележал годишнината од чудото во Дуисбург.

Твитерот едноставно му гори од објави, а најбогат материјал има се разбира од бараж средбите против Италија и Португалија. Па ова е фасцинантно колку е опседнат со нашиот фудбал. Каков цар.

Следете го 

8 април 2022 - 15:30