
ФИФА и дефинитивно одлучи да го зголеми бројот на репрезентации на следниот глобален фудбалски собир од 32 на 48 селекции што во превод значи цела четвртина членки на ФИФА.
Оваа вест најмногу од сите ги израдува Африка и Азија кои од следниот Мундијал ќе имаат двојно повеќе репрезентации на Светско, од Европа наместо досегашните 13 ќе одат 16 национални тимови.
Со зголемувањето на бројот на учесници, ФИФА реши да го зголеми и фондот од досегашни 5,5 милијарди на 5,6 милијарди евра.
Критичарите на оваа реформа тврдат дека за фудбалот веќе е изгубен интересот а оваа прекрасна игра ќе ја изгуби својата драж затоа што некои репрезентации ќе имаат речиси сигурен пласман на Светско првенство, а некои во Европа повторно тешко ќе стигнуваат до крајната цел затоа што конкуренцијата е посилна меѓу неколку моќни репрезентации.
Африка во моментов има пет места за Светско, а од следното во САД, Мексико и Канада 2026 ќе добијат плус четири нови места или вкупно девет. Од континентот Азија на Светско наместо досегашните четири ќе бидат присутни осум репрезентации, а Јужна и Северна Америка ќе добијат по шест наместо досегашните четири директни места.
Промената најгласно се слави на Нов Зеланд кој сега речиси сигурно ќе оди на секој Мундијал затоа што буквално немаат ниту еден достоен противник во квалификациите за Светско под капа на Океанија.
Пример Нов Зеланд во квалификациите за Катар ги совладаа малку познатите Соломонски острови со 5:0, а после првите пет кола во квалификации имаа гол разлика 18:1.
Во актуелниов формат кој сега за последен пат се игра Нов Зеланд ќе мора да се намачи затоа што победникот од Океанија за пласман на Светско првенство мора да игра со петтопласираната репрезентација во КОНКАКАФ зоната, во случајов со Костарика која е фаворит.
Нов Зеланд досега само еднаш победил во бараж и тоа во 2010-та година кога го совладаа Бахреин кој беше петтопласиран во КОНКАКАФ тогаш и отидоа на Светското првенство во Јужна Африка. Новозеланѓаните беа најголема сензација на тој Мундијал на црниот континент затоа што одиграа дури три нерешени средби во групна фаза (една против Италија). Тоа им беше втор настап на Светско во историјата.
Сега Нов Зеланд ќе може комотно да игра на секое Светско првенство затоа што нема веќе да мора да играат во меѓуконтинентален бараж и да бидат аутсајдери со посилните селекции. Ќе бидат фаворити во својата зона, освен ако не се појави некоја сензационална селекција која би им ги помрсила сметките.
Токму поради таа слаба конкуренција во Океанија, Австралија реши да ја напушти зоната и да се префрли во Азија каде од циклус во циклус има мошне сериозни ривали во Јапонија, Јужна Кореа, Иран, Кина, Катар итн.
Доказ за ова е фактот што Нов Зеланд нема пораз во своите квалификации во последните десет години но и покрај тоа се 101. на ФИФА ранг листата.
„Најголем“ ривал им се откму Соломонови острови кои ги декласираа со 5:0, а други противници им се Тонго, Самоа, Фиџи итн.
Според промената на ФИФА, првиот (читај Нов Зеланд) речиси секогаш како лидер ќе оди на Светско првенство а вториот ќе игра во меѓуконтиненталниот бараж против селекција најверојатно од Африка, од Азија или од Јужна или Северна Америка.
Само да не и текне сега на Австралија да се врати во Окенија зоната па Нов Зеланд пак да мора да игра баражи.