За грдни пари се продава дресот во кој Марадона го даде легендарниот гол со рака

Во четвртфиналето на Светско првенство 1986 Диего Армандо со два култни гола кои ја обележаа неговата кариера, сам ја урна Англија и ја однесе Аргентина во полуфинале а после и до титулата.

Двата гола на Марадона на Мундијалот 1986-та се негови најпознати. Едниот го даде со рака на очиглед на цела светска јавност, а бугарски судија кој беше линиски арбитар истрча кон центарот и голот го признаа за регуларен. А другиот гол му беше неверојатен откако ја издрибла буквално цела англиска репрезентација.

Дресот кој Марадона го носел на тој меч е сочуван и сега го ставаат на аукција преку Сотбис (еден од најстарите аукциони домови на светот, основан во 1744 година).

Веројатно аукцијата за овој култен дрес на Марадона ќе го урне рекордот за спортски дресови. Стартната, почетна цена му е 4 милиони фунти (5,22 милиони долари).

Долго време било нејасно каде е опремата на Мзрадона од тој меч. Се смета дека прв кој го добил тој дрес бил репрезентативецот на Англија од тој меч, Стив Хоџ. Тој бил и главен кривец за ситуацијта пред голот на Марадона со рака зошто неспретно ја исфрлил топката која фатила чудна траекторија кон неговиот голман пред кого Диего со рака лукаво ја протна топката во гол.

После мечот Диего му го дал дресот на неговиот „асистент“ за голот, а тој дрес од 2002 година бил изложен во Националниот фудбалски музеј во Манчестер.

„Јас помислив дека веќе никогаш нема да се најдам на Светско првенство. Затоа се потрудив да го земам дресот. Му пружив рака на Марадона а после го опкружија неговите соиграчи. Тогаш си помислив: „Бесмислено е ова“. После интервјуто си отидов во соблекувална и кога поминав крај него, Марадона стоеше со двајца соиграчи. Го погледнав, го допрев дресот и го прашав: „Може ли да се смениме“? Тој се согласи и ги разменивме дресовите. Така беше сè“.

Но подоцна, едната од ќерките на Марадона, ексцентричната Далма, рекла дека Англичанецот има дрес во кој Диего играл само во прво полуфреме а на паузата наводно го пресоблекол дресот.

„Сигурна сум дека Хоџ го нема тој дрес, но знам кај го има. Не сакам да зборувам кој го има зошто тоа би било лудо“, нејасно рекла Далма.

Во аукцискиот дом Сотбис сепак ги потврдиле нејзините зборови: „Марадона играл во друг дрес во прво полувреме и меѓу двата дреса има видна разлика. Пред да го ставиме на аукција, ние спроведовме опширно, научно истражување. Сакавме да се увериме дека тој е дресот во кој Марадона постигна два гола во вториот дел“, рекла претставничка на аукциониот дом Сотбис.

„Работевме со Resolution Photomatching (организација која е специјализирана за споредба на предмети), со цел да утврдиме уникатни детали во разни делови од предметот: пругите, лентите, грбот, конците. Успеавме да направиме целосна споредба со прославата на голот познат како „Божја рака“ и утврдивме дека Марадона во текот на мечот го сменил дресот. Ова е оној кој го носел додека ги постигнувал головите“

Интересна историја има и самиот дрес. Кога Аргентина го совладала Уругвај во осминафинале на Светското првенство, селекторот Карлос Билардо сметал дека во долги ракави може да биде многу топло во Мексико на Мундијалот. Затоа го пратил членот од својот стручен штаб Рубен Москела да бара алтернативи. Според легендата, Москела нашол две варијанти, и му ги покажал на Марадона кој рекол: „Оваа. Ќе ја победиме Англија со овој дрес“.

Москела купил комплети за цела репрезентација и на дресовите рачно го сошиле грбот на фудбалската федерација на Аргентина.

Самиот Диего во автобиографијата вели: „Броевите на дресовите беа ужасни. Кога истрчавме на терен, некои играчи имаа бројки кои блештеа во очи зошто светеше сребрената боја. Кога нашиот генијален кабинер Тито Бенрос ги виде кажа дека ќе бидеме како на карневал. Ако заврнеше дожд е тогаш ќе беше ужасно, немаше да сфатиме кој на која позиција игра“.

Аукцијата ќе трае од 20 април до 5 мај

А КОЛКАВ Е РЕКОРДОТ ЗА ДРЕС СЕГА?

Во 2019-та година бејзбол дрес од големата ѕвезда на Њујорк Јенкис, Бејб Рут продале за 5,64 милиони долари! Четиристотини илјади долари повеќе од стартната цена која се бара за дресот на Диего Марадона. Дресот на Рут кој важи за еден од најдобрите бејзболисти на сите времиња е од еден натпревар на „тимот убијци“ каков што бил прекарот на Јенкис во втората половина на 1920-те години од минатиот век.

Оваа екипа важи за најдобра во историјата на бејзболот.

Претходниот рекорд за спортски предмет исто бил за дрес, платен 4,4 милиони долари во 2012-та. Поранешната жена на Марадона, Клаудија Виљафане сака средствата од продажбата да одат за хуманитарни цели.

„Не мислам дека на сопственикот му фалат пари ако тој се реши да дојде на аукција. Би било одлично дресот да го откупи Аргентинската фудбалска асоцијација“, вели Клуадија која помина долго време со Диего.

Двата најпознати гола во кариерата на Марадона, 4 години по војната со Англичаните

Бугаринот Дончев бил крив за голот на Марадона со рака

8 април 2022 - 12:05