За време на исклучително напорниот дуел меѓу најдобрата тенисерка на светот Арина Сабаленка и Британката со романско потекло Ема Радукану, кој Белорусинката едвај го доби после повеќе од три часа тенис, се случи еден мал гаф. Имено некоја мајка дошла со бебе на трибините а бебето во неколку наврати заплакало. Радукану се побунила а главната судијка сурово и одговорила: „Да не сакаш да го исфрлам бебето надвор“?
Во француската Лига 1 има 20 клуба. Нант после 17 кола е 16-ти со учинок 3-6-8 и ако остане вака ќе се борат за опстанок. Навивачите протестираат и бараат оставка од управата која пред недела дена го назначи за тренер, замислете, астрологот Рајмон Доменек кој се враќа во француски клупски фудбал после 27 години.
Лудиот Тициано Крудели, она италијанско чиче со бркчиња што сигурно некогаш сте го слушале како урла на голови на Милан, сега како да има замена. Се вика Мауро Зума, работи како контент советник на Милан ТВ каде одвреме-навреме коментира.
Во 32. коло од бразилската Серија Б, Хувентуде победи 2-1 против Понте Прета. Првиот гол за домаќинот, од стрелецот Рожерио слободно може да се одбере за најспектакуларен на сезоната.
2020-та во суштина е чкарт година по многу основи, но не и за еден Бразилец на кој му се случи врвот на навивачките задоволства. За некој можеби ова го има само во бајките, но тој го доживеа вистински.
Во последниот меч од 2020-та година Лидс Јунајтед не остави камен на камен од Вест Бром на Сем Алардајс и ги прегази со 0-5. Нашиот репрезентативец Алиоски постигна супер гол.
Саутемптон и Вест Хем одиграа без голови, па момент од мечот за кој најмногу се зборува на социјалните мрежи е страшниот удар кој стоперот Крег Доусон му го зададе на Че Адамс.
Некој можеби подзаборавил кога Паоло Ди Канио во 96-та направи трансфер од Милан во Селтик. Речиси да нема клуб за кој нема постигнато посебен гол по кој паѓа во транс и тој и коментаторот и навивачите. Со интелигенција до понижување на голманот.
Дигиталниот магазин за домашен фудбал „Footbla Digital“ ги собра на едно место најјаките голчишта од полусезоната во првата македонска лига. Компилацијата е доста богата и атрактивна, па така на пример Клисман Чаке се истакна како Кварезма, а Нијаз Лена се претвори во Жунињо.
Емотивниот говор на коментаторот на МТВ за успехот кој изгледаше недостижен за македонската фудбалска репрезентација од сега нема да остане овековечен само со тон и слика. ФФМ му најде почесно место и реши да го испише во својот објект. Каква изненадување и чест за Тони.
Најголемиот успех во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал со пласман на Евро 2020, некако го расипуваат шпекулациите околу новиот договор на човекот кој ја однесе Македонија на прв континентален собир.
Лидс Јунајтед го прегази Вест Бром со 0-5, а македонскиот репрезентативец го постигна вториот гол за гостите, негов втор во сезоната по оној против Њукасл.
Вечерва во Келн ќе се одигра финалето на Лига на шампиони за сезоната 2019/2020 која доцнеше од познати причини. Вечерва од 20:30 Кил и Барселона ќе играат за европската круна која 574 дена му припаѓаше на Вардар. Апсолутен рекорд на тронот.
ЛА Лејкерс го претрпе и вториот пораз во 4 одиграни кола од новата НБА сезона. Портланд Трејлблејзерс ги доби 115-107. Дамјан Лилард растури со 31 поен, Гери Трент Џуниор уфрли 28 во триумфот на Портланд. Момент на мечот беше бананата на Дерик Џонс над Леброн Џејмс.
Пишувавме за симпатичното куче кое на 3-4 минути прекина меч од првата лига Апертура во Боливија. Сега тоа куче скитник си пронајде дом и нов пријател.
Трофејниот стратег важи за еден од најелегнанто дотерани тренери во Европа, а на мечот со Њукасл на Боксинг Деј носеше блузон на Open Arms и ја заинтригира јавноста.
„Марадона со десетката, Марадона ја носи десетката, ама он е број еден, он е капитен на Бока“ (“Maradona con la diez, el capitan de Boca.”), вели коментаторот пред единствениот меч на кој Диего не беше права "10-ка" на теренот во дресот на Бока.
Во меч од 15. коло од турската Супер лига, Бешикташ со 3-0 го совлада Сиваспор и ја продолжи трката за самиот врв со Галатасарај. Гостите на полувремето останаа без Хакан Арслан кој се правеше паметен па на судијата му покажуваше снимки од мобилен телефон за спорни ситуации.
Јака историска снимка од архивите на МРТВ, стара 50 години со Атанас Костовски кој тука има 32 години. Дава осврт на Мундијалот од Мексико кога Пеле стигна до третиот златен пехар, а прв стрелец е Герд Милер со 10 гола.
Фудбалската федерација на Македонија доби рекордна премија во историјата на македонскиот спорт, а следствено на тоа заслужено се офајдија момците кои ја испишаа новата фудбалска историја за која чекавме три децении.
По разни перипетии, Ралф Рањик не дојде во Милан. Во клубот останаа Малдини и тренерот Пиоли и росонерите одиграа тотално неверојатна 2020-та година. Доминираат во италијанскиот фудбал во новата сезона, а продолжија и рекорди од минатата.
На средината од октомври, на мечот меѓу ЖФК Каменица Саса и Шкендија кој заврши 6:1, Ана Димитровска постигна еврогол, во стилот на Златан Ибрахимовиќ и заслужено овој погодок е прогласен за најубав во женскиот фудбал.
Кога се зборува за фудбалери кои запливале во политика, први на ум паѓаат Каха Каладзе кој е градоначелник на Тбилиси а беше и пратеник, како и Џорџ Веа, претседател на Либија од 2018-та.
На мечот меѓу Стронгест и Насионал де Потоси (3:0) во фудбалското првенство на Боливија, 3-минутно шоу имаше едно куче кое се заигра со копачка пред да го извади од терен еден фудбалер на домаќините.