Offside

За време на исклучително напорниот дуел меѓу најдобрата тенисерка на светот Арина Сабаленка и Британката со романско потекло Ема Радукану, кој Белорусинката едвај го доби после повеќе од три часа тенис, се случи еден мал гаф. Имено некоја мајка дошла со бебе на трибините а бебето во неколку наврати заплакало. Радукану се побунила а главната судијка сурово и одговорила: „Да не сакаш да го исфрлам бебето надвор“?

На нерви почнаа да одат ваквите пенали

Кога тогаш ќе се најде некој голман на кој ќе му дојде преку такво, ќе се стрча, ќе ја рогне на трибини пред овој да ја изведе и ќе му рече шутирај ако шутираш, пола век те чекам. Инаку дрвачов е од Јапонија и подобро да не го видат Ѕаѕа и Погба.

Махериште на колото за 1,2 милиони денари

Е ова е махер. Кога со 50 денари ќе фатиш 20 утакмици и ќе ги заколиш 20.000 евра. 3+ ставил четири пара, а другите му се фиксови. Браво друже.

Како Вујадин Бошков зборуваше за Марадона

Истиот период додека Диего беше врвен во Наполи, легендарниот југословенски стручњак ја водеше Сампдорија. Погледнете со каква страст го опишуваше. Вели сиромаси ќе му побараат 10.000 лири, а тој им даваше 100.000.

Кога на Дрејмонд Грин ќе му дадеш да организира напад

Веројатно сакаше на некој да му каже да влезе или општо да смени позиција, ама некако немаше нерви да го дочека, па од тоа произлезе циркузантска сцена. Коментаторот закочи со коментирање од што му беше слатко смеењето.

Епска футсал сцена во Германија

Некако не ни влага во глава ова дека е во Германија и сè некако не влече да мислиме дека е во Романија. Небитно. Него кај најде петкава на таа врата да се залепи.

Тренерот на Саутемптон плачеше од радост за победата против Ливерпул

Со голот на Дени Ингс уште во 2 минута, Саутемптон го изненади Ливерпул и му го нанесе вториот пораз по 17 кола во Премиер лигата. За Ралф Хазенхитл ова е прва победа против Клоп и плус му дојде на 4 бода. Кога судијата свирна крај го совладаа емоции од радост.

Роналдо од 2002-ра е неуморен стрелец без застој

Италијанскиот печат пишува: Не го викајте КР7, туку КР20. Затоа што му пресметаа дека 15 сезони по ред постигнува по минимум 20 гола по сезона за клуб и репрезентација. Каква машина.

И после зошто Малезија ја нема на Светско

Ерик Максим Чупо Мотинг мижеечки ја дава оваа, па и Дејви Главевски сега на 53 години.

Пожртвуваноста на годината се случи во Русија

Јунак на денот, неделата, месецот, годината, па и деценијата. Фабио Канаваро гледа и се гордее. Малдини исто. Па ова на голман му нема успеано.

Судискиот криминал во трета лига ни е појак од Зимбабве

„Ние Македонците сами си се крадеме. Реагирав кон судијата, дали има очи да види што се случи, а тој ми вели `молчи, оти ќе те истерам`. Мене да ме истера, оти тој не досуди офсајд од четири метри. Косата си ја откорнав од нервози“.

Брилијантниот Кари експлодираше со 62 поени против Портланд

Голден Стејт Вориорс копаше низ историјата за да открие дека скоро 50 години ниту еден друг нивни кошаркар не постигнал толку поени. Стефон Кари синоќа не знаеше за доста.

Ај дека не можеш од подалеку

Александар Трајковски на клупа го преседе цел меч меѓу Овиедо и Мајорка, конечни 2:2, ама бар имаше што да види. Неговиот колега Хоан Састре испука проектил од крајот на светот, а ќе речеш бекче е, сигурно ќе ја подаде.

Најлошиот волеј во кариерата на Меси

На толку чуда од голови и потези, еднаш и Лео да направи некој пацерски потег на кој му пукаат сеир. Инаку она што е поважно е што не се посрамотија како против Еибар и ја совладаа Хуеска 0:1 со голот на Де Јонг.

Киран Тирни ли е, Роберто Карлос ли е?

Во зимска снежна идила, Арсенал се отвори на гостувањето против ВБА со 0:4. Лаказет даде два гола, Сака еден, ама сите зборуваат за солото на Шкотланѓанецот Тирни кој целосно го избезуми чуварот. Врвна игра со лева па со десна, па уште и јака завршница.

Во Бундеслига падна голот број 1 за 2021-ра

Иако сме навлезени само во вториот ден од новата година, сепак силно веруваме дека Германците во 2021-ра нема да видат уште едно вакво ремек дело. Надием Амири од Баер Леверкузен изведе две магии кои не знаеме како да ви ги опишеме. Едноставно се надмина себе си.

Најважните спортски моменти од 2020 кои ќе се паметат

Македонската фудбалска репрезентација во ноември 2020 обезбеди историски прв пласман на Европско првенство 2020. Со триумфот над Грузија во финалето од плејофот на Лига на нации, со голот на капитенот Пандев, македонските фудбалери ни приредија огромна радост. Тоа со сигурност беше настан на годината 2020 во Македонија.

Најдоброто на Иниеста од 2020-та во една минута

Ништо не му значат тие 36 години бидејќи дечкото за фудбал користи мозок. Во неговите игри владеат интелигенција и елеганција. Едноставно Андрес е уметник со топката и на Јапонците треба да им е чест и привилегија што го имаат во залезот на кариерата.

Дончиќ му создаде вртоглавица на Адебајо

Само три асистенции му фалеа на Лука за да ја стартува годината во трип дабл. Словенецот го заврши мечот со 25 поени и 15 скокови за триумф на Далас над Мајами од 93:83. Потегот на вечерта го направи во дуел со Бам Адебајо кој не знаеше што го снајде.

Само весело момци, 2020-та е за вас

За оваа година нема правење топ листа на успеси во македонскиот спорт. Таа мина во знакот на само еден за кој се погрижија јунаците кои докажаа дека и во фудбалот можеме и заслужуваме да се најдеме на европската мапа. Со срце и од срце ја исполнија мисијата.

Лабаво на зимски распуст кај Златан

Ова го има само кај него во двор и во Русија, толку.

Ретко некој вака да го избезуми Марсело

Реал синоќа одигра само 1:1 на гости против Елче, а покрај резултатот еден од домаќините си направи и личен ќеиф на душа што успеа да го насамари еден од најславните бекови.

Голот број 1 кој ја одбележа 2020-та во Македонија

Го чекавме, сонувавме, мечтаевме 27 години и ете го дојде тоа пусто Европско кое мислевме дека ќе биде недостижно уште долго. Благодариме Горан, Елиф, Нестор и до сите кои се вратија херојски од Тбилиси. Па нема послатка акција од оваа годинава.

Играте како кловнови, епа ќе ви правиме циркус

Во француската Лига 1 има 20 клуба. Нант после 17 кола е 16-ти со учинок 3-6-8 и ако остане вака ќе се борат за опстанок. Навивачите протестираат и бараат оставка од управата која пред недела дена го назначи за тренер, замислете, астрологот Рајмон Доменек кој се враќа во француски клупски фудбал после 27 години.