Хакан Чалханоглу пристигна во Милано од Бундеслигата пред пет години откако играше во Баер Леверкузен.
Ама ги утна малку работите, односно малу појќе. Заигра за двете екипи од Милано кои последниве две сезони го држат Скудетото во градот, а тој не освои ниту едно.
На 3 јули 2017-та потпиша 4 годишен договор со Милан, а трансферот изнесуваше 24 милиони евра. Ја доби одговорната 10-ка која ја носеа легенди како Џани Ривера, Руд Гулит, Дејан Савичевиќ, Ѕвонимир Бобан, Руи Коста, Кларенс Сидорф...
Не е играч од тој ранг, ама добро се вклопи во екипата за која имаше убави партии и како еден од најстандардните играчи за четири сезони одигра 172 меча и постигна 32 гола.
Минатата сезона изгледа му завидуваше на градскиот ривал Интер кој го славеше Скудетото под водство на Антонио Конте, па реши да премине кај градскиот ривал.
„Дојдов во Интер за да ја освојам титулата“, рече турскиот репрезентативец лани во јуни откако замина како слободен играч.
Трансфер во градски ривал во навивачкиот свет се смета за предавство, а Хакан не само што во очите на миланистите ќе остане предавник, туку и лузер број 1.
Титулата остана во Милано, ама овој пат е кај Милан, клубот кој почна да го гради тимот предводен од легендарниот Паоло Малдини во својство на директор.
Чалханоглу си замина кога во скроз погрешен тајминг и на тој начин две сезони по ред е на страната на губитниците. Навивачите на Милан го поздравија на ваков начин: