Таг: хакан чалханоглу

Чалханоглу мајсторе, топ да не имаш во ногата?

Интер и Наполи водат битка за врвот во 12. коло од Серија А. На полувреме е 1:1. Наполитанците поведоа преку Мектоминеј, израмни Хакан Чалханоглу кој испука проектил и ја крена на нозе Меаца.

Врвен слободен удар на Чалханоглу

На сите вечерашни средби од ЛШ, со исклучок на Бај арената, паднаа голови во првите 45 минути. Интер поведе против Црвена Ѕвезда со прекрасниот еврогол на Хакан Чалханоглу во 11 минута. Домаќините постигнаа уште два, но им беа поништени поради офсајд.

Чалханоглу во солзи, прва титула му е

По 13 години кариера во Германија и Италија, Хакан Чалханоглу почувствува што значи да се освои шампионска титула. Прво малер во биеше, бидејќи кога играше за Милан, гледаше како на Скудетото се радуваат градските ривали, а следната сезона обратно. Тој во дрес на Интер, а Скудетото кај Милан, па го утепаа од тролање. Овој пат му се поклопија сите коцки, па почна со солзи, а продолжи со лудо славје.

Бомба на Чалханоглу го замолчи Сан Паоло

Фудбалерите на Интер не ја даваат лидерската позиција, а сериозната трка за титулата ја најавуваат со голема победа над актуелниот шампион Наполи од 0:3. Елиф Елмас доби 75 минути, а потегот на мечот го има Хакан Чалханоглу кој го отвори резултатот во финишот од првиот дел.

Лудиот проектил на Чалханоглу во статива и драмата пред голот на Милан

Интер обезбеди убава предност од 2:0 пред реваншот на миланското дерби во ЛШ, а веќе во 15 минута за влакно не му нанесе и трет шок на тимот на Пиоли кој вечерва одигра очаен меч. Чалханоглу ја искрши стативата и ги скочани навивачите на Милан.

Голчишта на Мартинез и Чалханоглу, кој од кој поубав

Интер ја потопи Верона на гости со 0:6 и остана четврт на табела. Лаутаро Мартинез го понижи голманот со најслаткиот потег кога ќе ти се укаже ситуација еден на еден, а тоа што го изведе Турчинот, едноставно не се брани.

Хакан му го памти на Тео

На миланското дерби избија искри уште пред стартот на мечот. Чалханоглу одби да се поздрави со Хернандез поради тоа што за време на прославата на шампионската титула на Милан, Тео ги палеше навивачите да скандираат против Турчинот.

Ибра го гаѓаше Жиру со прслук, а Тео ги палеше навивачите да пејат против Чалханоглу

Милано е во транс откако шампионите се вратија од гостувањето против Сасуоло каде го заверија Скудетото број 19. Душа му извадија на Хакан, а играчите држеа и транспарент насочен кон градските ривали за кои се отвори истрага.

Офсајд лик на сезоната: Хакан Чалханоглу

По нашки е Офсајд лик, инаку му следуваат и други епитети како на пример малер, баксуз или најадекватно лузер на сезоната.

Мајсторија на Чалханоглу директно од корнер

Седми пораз на Жозе Мурињо по 16 одиграни кола во Серија А. Овој пат од актуелниот шампион на Италија кој го доби мечот уште во првите 40 минути со 3 комада на Олимпико во Рим. Резултатот го отвори Хакан Чалханоглу во стилот на Артим Шаќири.

Ама се отвори Чалханоглу вчера и тоа два пати

Во Лига Европа синоќа имаше фудбал на тони, а меѓу големиот број на квалификациски средби го имаше и Милан кој го совлада Буде Глимт од Норвешка со 3:2. Шоу на Сан Сиро приреди Турчинот со два ефектни погодоци.

Спектакуларен еврогол на Чалханоглу

Продолжува серијата на Милан без пораз. Овој пат на Сан Сиро ја пречекаа незгодната Аталанта со која одиграа 1:1. Хакан се надмина себе си со мајсторија од слободен удар. Од ваков агол еднаш во годината паѓа гол.

Кога Борусија го остави Чалханоглу на слободен без жив ѕид

Турчинот тука има само 20 години и е член на Хамбург, а Милионерите го оставаат од скоро пола терен да ја изведе без никакви пречки. Хакан се намести и мртов ладе ја зафука во гол, топката одеше право во голман, ама и не одеше.

Како ја опалија Чалканоглу и Наионголан леле мајко

Два убави, многу убави голови од 8. коло во Серија А. Турчинот од Милан постигна еден од оние многу тешки мајсторски погодоци од косо, кои заслужуваат внимание. Нема што да бара тука голманот, а ниту па на овој дрзок удар на Раџа Наинголан на мечот Каљари - Спал. Ама им легна и на двајцата.

Мајсторски голови на Пјонтек и Чалханоглу

Кшиштов Пјонтек растура за Милан и само на првите четири средби стигна до 6 голови. Милан синоќа освои многу важни три бода на гостувањето против Аталанта која ја доби со пресврт (1:3). Два гола даде Пољакот, едниот страшно добар од многу тешка позиција, а не е за потценување ниту шајката на Турчинот.

Како НЕ треба да се изговара новото засилување на Милан

По три сезони во Баер Леверкузен, Хакан Чалханоглу потпиша 4 годишен договор со Милан. Ова видео никако да не им се служи на италијанските коментатори за тоа како треба да го изговараат презимено на 23 годишниот турски репрезентативец. Уште малце ќе кажеше Шалалалала.

Ноер прими гол од слободен после 5 години

Голманот на Баерн Минхен и германската репрезентација немаше примено гол од слободен удар од септември 2010. година. Така беше сè до овој викенд, кога Хакан Чаланоглу од Баер Леверкузен го матираше со прекрасен удар од 20-ина метри.

Чаланоглу е турскиот Андреа Пирло

По пензионирањето на Жунињо и Дејвид Бекам во 2013. година, Андреа Пирло остана најдобриот изведувач на слободни удари во Европа. Од подмладокот на оваа позиција е играчот на Леверкузен.