По почетокот на професионалната кариера во Карлсруе, Чаланоглу потпиша со Хамбургер за кој на 32 натпревари постигна 11 голови. Во 2013. Хамбург го позајми во матичниот Карлсруе, каде полушпицот доминираше со 17 погодоци и 12 асистенции на 36 средби.
Баер Леверкузен летово за него изброи 14,5 милиони евра. На 4. јули, Чаланоглу стана играч на „аспирините", а веќе сега стана познат по маестралните голови од слободен удар. 20-годишниот Чаланоглу викендов постигна еврогол од слободен во Рајнланд дербито против Келн, кое Леверкузен го доби 2:1. Тоа беше седми гол од слободен удар за Турчинот во неговата прволигашка кариера, а четврти сезонава.
И покрај понудите од германскиот фудбалски сојуз да заигра за Германија У-21, Чаланоглу се реши да игра за земјата во која се родени неговите родители и во септември минатата година дебитираше за турската сениорска репрезентација против Андора. Чаланоглу често го споредуваат со Озил, а тоа беше и причината што спортскиот директор на Хамбургер, Франк Арнесен пред 3 години го купи од Карлсруе.
На Јутјуб веќе се вртат видеа на кои се гледа како Чаланоглу еден ист удар го изведува повеќе од 50 пати. Во дресот на Леверкузен, Чаланоглу сезонава даде три гола преку живиот ѕид и прв е според тој параметар во лигата. Минатата година за Хамбургер даде 5 голови од слободен удар.
Голот во дербито со Келн викендов
Го реши и Шалке од слободен во победата од 1:0
Еврогол и против Вердер Бремен пред 2 месеци
Гол од 40 метри против Борусија Дортмунд како играч на Хамбургер
Од 38 метри еврогол против Волфсбург
Против Брауншвајг лани во септември
Лична карта: Хакан Чаланоглу
Роден: 8 февруари 1994. во Мајнхајм (Германија)
Репрезентација: Турција
Висина: 178 см
Сегашна вредност: 13.000.000 евра
Позиција: Офанзивен играч за врска