Сојузот меѓу овие двајца датира многу поодамна пред зделката. Пеп го сакал германскиот Турчин уште од времето кога овој играше за Борусија Дортмунд кај Клоп.
Кога се сетил на едно дерби со Баерн Минхен од времето кога го водеше големиот Гвардиола, Илкај Гундодан рекол: „Неколку луѓе пред мечот ми збореа дека сум му се допаѓал како играч (на Пеп). Кога чекавме во ходник да влеземе во второ полувреме, тој помина покрај мене, ме потапка по стомак и ми се насмевна во лице. Тогаш сфатив дека има вистина“.
Самиот Илкај секогаш бил воодушевен од тренерските квалитети на Пеп: „Отсекогаш бев поклоник на Гвардиола, секогаш сакав да работам со него. Во 2016-та ми се појави шанса и се слушнавме. Долго разговаравме, дискутиравме, но на крајот преминав во Сити. И среќен сум тука веќе шеста година“.
Интересно на нивниот однос не влијаело многу соседството. Гундо се доселил во иста зграда каде што живее и Пеп во елитна населба. Илкај се шегувал дека понекогаш се сретнуваат во лифт или во ходник но и двајцата си го почитуваат личниот простор: за шест години во Сити, Гундодан само еднаш му заѕвонил на Пеп на врата.
Втор интересен фактор е тактичката еволуција на Илкај Гундоган при Пеп. Турскиот Германец кој игра за Германија веќе неколку години, еднаш раскажал дека на Пеп му се допаѓаат интелигентни, универзални играчи.
„Тој е толку паметен дечко, толку паметен дечко! Една од најголемите карактеристики кои ги ценам кај фудбалерите е интелектот. Ми се допаѓаат играчи кои сфаќаат што се случува на терен и брзо ги решаваат проблемите, како во одбрана така и во напад. Благодарение на интелектот Илкај може да игра на разни позиции. Многу стабилно игра во зона на одбрана а опасен е и од прекини“, изјавил Гвардиола.
Крајот од оваа сезона која што ја круниса со два прекрасни гола за титула, Гундоган го помина во улога на последен играч за врска пред одбраната. На оваа позиција Илкај еднаш со Челси имал 167 точни додавања и поставил рекорд на Премиер лига.
„Претходно јас на таа позиција користев други играчи, само не Гундо. Гледајте колку сум згешил! Се што можам да кажам после меч со него во одбраната е: „Вау!“ Тој е многу агресивен без топка, точно знае како да се движи за време на натпреварите и што конкретно од него се бара. Да, тој не е типичен стопер, но ни треба играч кој знае да се брани. Кога Фернандињо не можеше да ни помогне, Гундо неверојатно го замени на таа позиција“, рече шампионот на Англија Пеп Гвардиола кој освои четири титули во последните пет сезони во Англија.
За тоа колку се ретки и вредни универзалните играчи како Илкај Гундоган говори и фактот што тој комотно во ковидната сезона едно време играше и како лажен центарфор. Разликата од позиција лажна деветка беше во движењето - Гундоган ги стартуваше тие натпревари во среден ред и после се префрлуваше во нападот.
„Има исклучително чувство за гол, буквално има њух за гол. Просто знае кога треба да се најде во шеснаесетник, ја знае секоја конкретна секунда. Тоа е најсложено, ни момент порано ни момент подоцна туку баш тогаш кога треба“, го фалеше Пеп својот фудбалер.
Илкај Гундоган сезонава два пати ја освои наградата најдобар играч на месецот а постави и личен рекорд по број на голови: сезонава даде 13 (минатата 6 гола).
Пред клучниот меч за титулата со Астон Вила, Илкај Гундоган имаше само 6 гола во Премиер лига, но токму тие движења како лажен центарфор му овозможија да даде два гола со кои се направи пресвртот од 0:2 (Сити губеше до 76’ минута) и да се освои титулата.
Многу луѓе коментираа дека ако Серхио Кун Агуеро доби статуа пред стадионот за неверојатните партии во Сити и голот во 2012 со кој им донесе прва титула после децении, тогаш треба да добие и Гундоган.
Пред крајот на сезоната се погласни беа гласините дека Гундоган најверојатно летово ќе смени средина, така што последниот натпревар за титулата со два гола е буквално за документарен филм. Но секако, последниот збор ќе го има Пеп Гвардиола кој со солзи ја прослави шампионската титула во последно коло по двата гола на неговиот Илкај Гундоган.