Во последното коло се играше најголемото хрватско дерби Динамо Загреб - Хајдук Сплит.
Шампионот славеше 3-1 а неверојатно е што дури три гола паднаа во длабоко судиско продолжение: Динамо даде два гола во 90+10’ и 90+12’ а Хајдук во 90+4’.
Мечот остана во сенка на големите навивачки нереди. Полицијата на инсистирање на управата на Динамо Загреб пред натпреварот не им дозволила на гостинските навивачи од Сплит да ја внесат својата спремна кореографија, затоа што луѓето од Динамо не се согласувале со содржината.
Торцида сакала да ја истера правдата затоа што со децении секаде во светот легитимно е навивачи да си постават свои знамиња.
„Им ги пративме сите упати и правила, тие најавија дека ќе дојдат со одредена кореографија и Динамо тоа го одобри. Но, пред мечот се појавија со сосема други реквизити, тапани и се што не најавија. Клубот им понуди да влезат на стадион без тоа, а тие одбија и останаа надвор“, велат од Динамо кого Торцида го смета за главен кривец за целиот хаос.“
Од таа причина гостите од Сплит не влегле на гостинската трибина туку пред стадионот „Максимир“ воделе жестоки судири со полицијата. Нередите продолжиле и на делница од автопатот Загреб - Сплит на враќање кога Торцида со десетина автобуси и комбиња решила да го блокира целиот сообраќај на автопатот А1.
Полицијата во намера да го ослободи сообраќајот непречено да се одвива решила физички да ги тргне хулиганите кои пружиле отпор. Во целиот хаос двајца навивачи на Хајдук биле дури и ранети од огнено оружје кое полицијата го употребила.
Неофицијалниот краен биланс е дека 43 навивачи на Хајдук се уапсени а повредени се повеќе десетина навивачи.
Во Загреб при шампионската прослава на титулата и Бед Блу Бојс се судриле со полицијата. Во еден момент со пиротехнички средства навивачите од Загреб го запалиле и своето ударно знаме: