Од Франција ни доаѓа една куса сторија за тоа каков талент бил Оливие Жиру уште како мал, ама и каков човек останал, после славната и трофејна кариера.
3.490. Тоа е бројот на жители во малата општина Фрож од југот на Франција во подножјето на Алпите. Од таму почнува неговиот фудбалски пат кој ќе го однесе и до титула светски првак во 2018-та.
Човекот со 249 клупски и 48 репрезентативни голови, бил до толку јак голгетер уште од мал, што противниците се бунеле дека немаат раат од него.
Раскажува Френсис Мартинез, човекот кој го гледал како расте и кој го тренирал во неговиот прв клуб.
„Оливие почна со нас и веднаш го забележавме дека е од друга планета. Понекогаш противничките екипи се жалеа дека е премногу силен, дека головите ги дава како рафали и дека нема еден меч да не постигне гол“.
Без разлика што почнал да гради успешна кариера и да станува познат, тој останал дечко на место и никогаш не заборава од каде почнал.
„Отсекогаш бил пријатен за во друштво, без разлика на неговата слава. Се сеќавам еден ден откако ги имаше првите повици за репрезентација, дојде во селото и почна да им дели на сите дресови од Франција. Не можам да ви опишам колку беа среќни децата. Никогаш нема да му го заборавам тоа“, раскажува Мартинез.
Од многуте убави гестови, неговиот прв тренер следниов го истакнува за за најубав.
„Организирав проштален натпревар во чест на еден играч кој за жал скоро не напушти, а му беше пријател и на Жиру. Проблемот беше што се погоди Оливие баш тогаш да е на меден месец со Џенифер, а сакаше да биде по секоја цена и покрај тоа што се наоѓаше на другиот крај на светот. Слетуваше во 17, а мечот почнуваше во 18. Ако некој ме собере од аеродромот во Лион, трчам и стигам. Тоа беше како сцена од филм со среќен крај“.
35 годишниот напаѓач има шампионска титула со Монпеље, 3 ФА Куп трофеи со Арсенал, ЛШ, ЛЕ и ФА Куп со Челси, светска титула со Франција, а од вчера и Скудето со Милан.
Шампион и на терен и во душа.
Olivier Giroud's trophy collection is absolutely elite 👑 pic.twitter.com/GDk6TTqLFM
— GOAL (@goal) May 23, 2022