Offside

Во Скопје имаат гостувано многу големи екипи, како Реал Мадрид од Шпанија, Ливерпул и Манчестер Јунајтед од Англија, Рома и Милан од Италија. Еднаш беше и Лацио, а домаќин му беше Работнички.

Слободен удар после кој се запали Твитер

На дуелот меѓу Нант и Лориен, домаќините поведоа буквално после минута ипол и водеа сè до 87' минута кога топката за слободен удар од 40 метри не ја намести Арман Лориенте. На ова може капа да му симне и легендарниот Бразилец Жунињо.

Меси ја круниса историската вечер со два гола, Барса со шест

Барселона го одигра најдобриот меч во сезоната 2020/2021. На секогаш незгодното гостување кај Реал Сосиедад во Баскија, Каталонците одиграа неверојатна партија и до врв ја наполнија мрежата на домаќинот: 1-6. Меси го забележа 768 настап за првиот тим на Барса и стана прв на вечната листа со најмногу натпревари, пред Чави кој има 767.

Голманска лудорија од гол на гол

Клубот Варзим е претпоследен во втора португалска лига. Во саботата победија 2-0 против Мафра и освоија златни бодови во борбата за опстанок. Триумф им донесе голманот Рикардо со блесав погодок од свој гол. Ова беше втор голмански гол викендов, по оној на голманот на Севиља Буно кој донесе бод кај Ваљадолид во 90+4' минута.

Автогол на годината во трета шкотска лига

Старите кладилничари сигурно го паметат Дамбартон, некогаш шкотски премиерлигаш, сега во тамошната трета лига. Во Европа викендов се зборува за овој клуб по смешниот автогол кој си го дадоа на мечот со Форфар дома. Пораз 0-1 по оваа комедија на голманот Ремсботом и стоперот МекГивер.

Имаме нов голман-стрелец во Шпанија, спаси бод во 90+4'

Фудбалерите на Севиља ремизираа 1:1 на гости кај Ваљадолид во 28. коло од шпанска Ла Лига. Домаќинот имаше победа на пар секунди до крајот кога добивме нов голман-стрелец во Шпанија. Голманот на Севиља Буно постигна убав гол во 90+4' минута.

Трогателен момент со детето на Спортинг на крајот од мечот

Фудбалерите на Спортинг Лисабон играат неверојатна сезона и после цели 19 години се на одличен пат да ја освојат титулата во Португалија. Без пораз се на 24 меча (20 победи, 4 нерешени) и му бегаат 10 бода на Порто.

Најмангупската асистенција на Лука Дончиќ

Ден до два поминуваат меѓу една и друга нова блескава партија на словенечкото мајсториште за баскет. Новата жртва е Портланд која Далас ја совлада со 125:119, а Лука повторно на многу високо ниво со 38 поени, 9 скока и 9 асистенции. Имаме две јаки аситенции од кои првата не можеш да му ја предвидиш.

Девет клучни прашања за Вардар кои јавноста има право да ги знае

Во ситуација кога ФК Вардар е пред амбисот и му се заканува целосно згаснување, стечај и преселба во 4-та лига, и трае натегањето помеѓу Град Скопје и сè уште актуелниот сопственик Сергеј Самсоненко, јавноста очекува одговори на неколку клучни прашања:

Ножички на Пеле во стилот на Пеле

Мајсторијата е сам да си ги наместиш, а тоа го умешее на времето Пеле. Во стилот на Бразилецот се истакна и Италијанецот Грацијано Пеле кој на 35 години покажа дека може да се истакне акробативно. Инаку Парма со овој гол поведе дома против Џенова, но на крај загуби 1:2.

Спектакуларен волеј удар во Хрватска

Унгарецот Ласло Клајнхајслер од Осијек демонстрираше редок вид на волеј удар, кој вака на око ни личи дека е исклучително тежок да се изведе во трк. Браво мајсторе, врвна мајсторија.

Знаете ли што направија Адеми и Оршиќ по вториот гол?

Страшните фраери во сино сакаа да го суредат Тотенхем и пред стартот на продолженијата и да му покажат дека никогаш не им се плашеле. Никогаш не ги потценувајте фраерите. Никогаш.

Рики се пофали со подарок и автограм од Мурињо

Десниот бек на македонската фудбалска репрезентација по долго време поминато во Спортинг Лисабон, одлично зборува португалски јазик. Тоа го искористил при запознавањето и мубаетот со Жозе Мурињо по историскиот триумф на Динамо Загреб над Тотенхем. Добил и подарок со автограм.

Прилепска фудбалска расправија

По лакрдијата во бугарскиот фудбал каде судијата кидна од страв, одиме со нова епизода од селскиот фудбал, ама од кај нас. За луѓе кои не ги разбираат баш добро македонските дијалекти, добро би легнал и титл на видеово.

Јаки парови во Лига Европа, Ристовски и Адеми против интересен противник

По сјајната ждрепка за Лига на шампиони, попладнево во европската куќа на фудбалот во Нион се извлече и ждрепка за четвртфинале на Лига Европа. Се паднаа некои фантастични парови.

Пеколна ждрепка во ЛШ: Баерн vs ПСЖ, Реал vs Ливерпул

Битката во најелитното клупско европско натпреварување допрва ќе станува интересна. Во четвртфинале ќе гледаме реприза на финалињата од 2018-та и 2020-та.

Пиоли е скаран со културата или јазикот?

Стефано Пиоли синоќа или многу го здоболе поразот, па не додржа спортски да се ракува со Солскјер кој во моментот на поздравување му рекол “good team”, или па дупе е со англискиот, па ништо не го разбрал и непотребно го извреѓал.

Хероите на Динамо излегоа пред стадион на славје со навивачите

По сензацијата во осминафиналето од ЛЕ во која од првата минута учествуваа двајца македонски репрезентативци, во Загреб беше лудница. Славјето почна на Максимир каде фудбалерите се појавија пред навивачите по што настана делириум.

Фантазија од лоб во Мексико

Дуелот Пачука - Тигрес УАНЛ во мексиканската МХ лига го реши Роберто де ла Роса во 82' минута. Таков њух за топка и осет за лоб ретко се гледа.

Инста стори на колото

Џо Харт, некогашниот англиски репрезентативен голман, сега е резерва во Тотенхем. Или он или тој што му го води Инстаграм акаунтот изгледа заборавил дека вкупен резултат се смета од двомеч, па синоќа и покрај поразот 3:0 од Динамо, Харт објави стори со крајниот резултат и опис: Job done! (Средена работа).

Нов јак потег на Нено кој ја изработи цела одбрана

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ постигна 7 коша за Хувентуд на гостувањето против Естудијантес, а во еден момент се претвори во Лука Дончиќ под кош. Коментаторот се воодушени.

Милан и Манчестер се загреваа со фолк хитот на Златан

Гаси нетот, „Јутро је“ од Нада Топчагиќ синоќа грмеше на Сан Сиро и тоа пред мечот Милан - Манчестер Јунајтед 0:1. Во 122 години историја на Милан, не веруваме дека друг Балканец успеал да издејствувал вакво нешто. Не бе, не е нормален.

Мурињо влета со аплаузи во соблекувалната на Динамо

Каков мангуп и господин човек е Жозе. Тој веројатно беше убеден дека вечерва ќе им честита на своите играчи пласман во четвртфинале во Лига Европа, ама се случи пресврт и тоа им го направи на Рики, Адеми и останатите херои на Динамо кои го елиминираа англискиот гигант. Друг не го прави ова.

Зошто Мурињо ќе го сонува Доминик Ливаковиќ

Хрватскиот фудбалски хегемон Динамо Загреб отсекогаш имал добри голмани, ама скоро никој не оставил толку длабок траг како 25-годишниот репрезентативец Ливаковиќ.

Невозможниот гол кој го најави чудото во Загреб

Тотнем Хотспур од северен Лондон важи за еден од најбогатите клубови на светот. Има ултра-модерен стадион за 62.000 гледачи, има суперѕвезди како Хари Кејн, Герет Бејл, Сон и Иго Лорис, ама тоа ништо не играше улога против срчаниот Динамо Загреб и Милсав Оршиќ кој со 3 гола ги исфрли од Лига Европа.