Меси ја круниса историската вечер со два гола, Барса со шест

Барселона го одигра најдобриот меч во сезоната 2020/2021. На секогаш незгодното гостување кај Реал Сосиедад во Баскија, Каталонците одиграа неверојатна партија и до врв ја наполнија мрежата на домаќинот: 1-6. Меси го забележа 768 настап за првиот тим на Барса и стана прв на вечната листа со најмногу натпревари, пред Чави кој има 767.

По крајно слабиот почеток на сезоната за Барса, Аргентинецот блеска во продолжение од сезоната и со 23 гола е убедливо прв стрелец во Ла Лига. Барселона е второпласирана по 28 кола во Примера со четири бодови помалку од Атлетико, а два повеќе од Реал Мадрид во трката за шампионската титула. 

Хајлајтс и сите голови од мечот Реал Сосиедад - Барселона: