Она што најмногу недостига во фудбалот е да згрмат трибините кои за жал веќе година дена се празни поради проклетиот Ковид. Но играчите без навивачите не можат, а тој флиуд најдобро се виде синоќа пред Максимир.
Ултрасите на Динамо направија пиротехничко шоу на кое одговорија и јунаците кои се појавија надвор откако успеаа да го урнат Тотенхем на Мурињо. Ристовски и Адеми беа стартери, а можете да ги видите и на големото заедничко славје играчи со навивачи.
Бакљада, огномет, димни бомби, навивачки песни, камери, полиција. Лудница настана пред стадион, а потоа славјето продолжи по улиците низ Загреб.
Хајлајтс од големиот пресврт и славје од соблекувална каде им влета Мурињо.