Би излажал ако кажам дека се гледаше ова дека ќе се случи или ние кои имавме неверојатна привилегија да бидеме на Максимир чувствуваме дека Динамо може. Барем јас не бев меѓу тие.
На полувреме сите бевме среќни што Динамо игра стварно многу добро, што гостите не направија ништо и што се уште сме живи. По ништо не се гледаше дека Тотенхем вреди седум пати повеќе од Динамо кој промаши една одлична шанса и кој можеме многу лесно да поведе на полувреме.
Некој дофрли како веднаш би потпишал да биде 0:0 до 85-та минута. И јас се сложував со тоа.
Не бевме оптимисти ни пред почетокот на реваншот после рутинската победа на Тотенхем и навистина не беше реално да очекуваме дека може да се помине. Бевме презадоволни со евентуална победа па дури и реми против мега ѕвездите на Мурињо, но на пласман во следна фаза никој не се надеваше.
Освен играчите на Динамо. Тие уште од прва минута се поставија како да бркаат 0:2 против Белишќе. Лауритсен како и секогаш урлаше од последната линија на своите играчи, Ливаковиќ го бодреше, а Адеми ги туркаше, туркаше и туркаше своите напред.
Првиот гол повеќе го славевме ние на трибина и во ложа, отколку играчите на терен. Тие не го доживеаа како нешто посебно. Никој не дозволи да има ниту момент на опуштање, а лицата на играчите на Тотенхем на загревање и на клупата под нас, како и на нивните луѓе во ложата, кажуваа сè. Загрижени погледи и шепотења.
Динамо беше “на црвено“, а на моменти и на крајот со своите сили. Максимално напален и мотивиран, со муда до земја. А како одминуваше мечот, така растеше нервозата кај Тотенхем.
Кога Оршиќ го постигна вториот гол, сигурен сум дека и тие беа свесни дека се готови, а почнавме да веруваме и ние. По мајсторската акција на Атиемвен, Оршиќ погоди, а потоа Динамо покажа како тим е.
Херојот на Динамо истрча до топката, ја заби уште еднаш во гол и потоа се врати со неа на центар додека шокираните Спарси само се гледаа меѓу себе. Него го следеше и Адеми, кој не дозволи ниту за момент да има опуштање или славење, туку ги тераше играчите да одат на своја половина.
Ајдеееееее, викаше капитенот на Динамо.
Некој друг тим, свесен за важноста на моментот, можеби би намалил на гас и би се обидел да дојде до продолженија кои сега беа многу блиску. Но не и Динамо. Страшните фраери во сино сакаа да го суредат Тотенхем и пред стартот на продолженијата и да му покажат дека никогаш не им се плашеле.
Во пресрет на продолженијата Мурињо ги собра своите играчи пред клупа. Никој со никого не се прегрнуваше. Стоеја во шок и го слушаа Португалецот. Пет метри подолу, играчите на Динамо стоеја прегрнати во круг. Крзнар нешто им кажување, после него и Адеми и потоа само се слушна силен извик: Ајдеееееее.
Никако другачије тоа продолжение не можеше да заврши. А кога Оршиќ им заби и трет гол, паниката на лицата на делегацијата на Тотенхем откри како наивно го потценија Динамо. Почнаа да удираат на клупа, да се бунат кај четвртиот судија дека играчите на Динамо лежат и да дивеат откако судијата покажа “само“ две минути продолжение.
Центрираа панично во шеснаесетник каде Теофил Кетрин го доби секој скок, а кога мислеа дека ќе се извлечат, Ливаковиќ му одбрани нереален зицер на Кејн.
Така оди тоа. Никогаш не ги потценувајте фраерите. Никогаш.