Селекторот Игор Ангеловски во главна улога, во документарката „Победници“ на Види Вака раскажува за патот кој го изодел за да стигне на врвот. Трејлерот е пред нас.
Тој што е по кошарката, не може да ја заборави оваа славна седумка. Легенда на Чикаго, НБА, Југопластика, Хрватска и Југославија, која беше неизоставен дел од бандата на Фил Џексон. Најдобар шести играч во тоа време.
Во ноември лани, во 2020-та, на мечот Краковија - Јагиелонија во полската Екстракласа, домаќините славеа со 3-1. Ама во 39' минута од тој меч гостинскиот фудбалер Хесус Имаз даде гол во стилот на холандскиот ас Бергкамп на времето во Арсенал.
Како беше она, зошто да биде едноставно, кога може да биде комплицирано. На 24 дена до стартот на историското ЕП за Македонија, многу тешко ќе се стигне до карта за да се истера ќеифот на лице место. Спремајте си ги телевизорите дома.
По две годишната кинеска авантура, легендарниот фудбалер на Наполи, Марек Хамшик од пред два месеци е член на Гетеборг. Деби голот за шведскиот прволигаш му е боли глава. Инаку Хамшик има 33 години и ќе биде дел од селекцијата на Словачка на ЕП.
Се сеќавате на Леонид Слуцки така? Поранешниот тренер на ЦСКА Москва, Хал Сити, Витезе, кој сега го води Рубин Казан, а беше една година и селектор на Русија? Епа глејте го како знае да држи дистанца.
Инспириран од еден настан од пред 70-ина години, настан кој сигурно заслужува игран филм, еден фудбалски коментатор во Англија решава да направи сличен подвиг. И успева во намерата со супер поддршка.
„Поставивме стандарди недостижни за нашата сцена, и сето тоа во време на пандемија, ограничувања, забрани. Пронајдовме начини да бидеме живи, иницијативни, енергични, иновативни, креативни, да ја развиваме колективната свест“.
Неизвесноста за пласман во елитата остана до крајот на сезоната во Италија и ќе се решава во последните 90 минути. Од пет екипи, спласна на три кои ќе се борат за две места. Милан си го искомпликува животот.
Ова е тоа што фали едно 14 месеци во фудбалот. Крикот на навивачите кога ќе падне гол, посебно волку важен и тоа на голманот на Ливерпул во 95-та минута кој ги одржа шансите за ЛШ. Побудалеа од радост.
На крилата на Кевин Дурент (23 поени, 8 скока, 13 асистенции) и Кајри Ирвинг (17-2-6), Бруклин Нетс со 123-109 го победи Кливленд Кавалирс и го зацементира 2. место пред плејофот во НБА. А сите зборуваат за оваа луда акција на Нетси.
Во само пар месеци Бруклин Нетс состави екипа од толку многу суперѕвезди каква што можеби никогаш немало во НБА. На хартија се најсилни од сите, но што може да очекуваме во плејофот?
Односно далеку е од престарен, 33 години има и можеби рано му беше за САД. Синсинати - Мајами Интер заврши 2:3, а мечот со два гола го реши аргентинската ѕвезда кој не заборавил и да дрибла по малку.
Вангелис Павлидис има 22 години, игра за Виљем втори од Холандија, како и за селекцијата на Грција. Со вакви соло лудории, тешко дека ќе успеат да го задржат во Виљем втори. Арно не почна и тие од клупа да ги дрибла.
Фудбалерите на Ливерпул едвај го победија Вест Бромвич Албион во 36. коло од Премиер лигата. При резултат 1-1 голманот Алисон Бекер во 90+5' минута од судиското продолжение постигна невозможен гол со кој ги остави црвените во сериозна борба за место во Лига на шампиони.
До толку се одвикнавме од преполни трибини во Европа што финалето на англискиот ФА Куп каде Лестер со 1-0 го совлада Челси беше право уживање за фудбалските гурмани.
Знаеме дека Алиоски е откачен, ама ова во Премиер лига некако? М? Инаку Барнли - Лидс конечни 0:4. Покрај тролов, Алиоски имаше и еден обид за гол кој се претвори во асистенција и еден не баш популарен удар.
Џенова и Аталанта одиграа натпревар со голеада кој заврши 3:4. Домаќините се спасија минатото коло, а триумфот на Аталанта беше од клучно значење во битката за ЛШ. Горан Пандев влезе во игра на стартот на вториот дел и го намали резултатот од пенал во 67-ма минута.
Се вика „We Are The People“, ја пее Боно Вокс, го има познатиот гитарист Дејвид Хјуел Еванс, а автор на песната е холандскиот Ди-Џеј Мартин Гарикс. Инаку во спотот се појавува и поранешен ирски репрезентативец Џејсон МекАтир, кој го постигна клучниот гол против Холандија со кој Ирска отиде на СП 2002 година.
Монако синоќа славеше 1:5 против четвртолигаш и обезбеди пласман во финалето на Купот на Франција. Кевин Воланд не беше меѓу стрелците. Имаше голем проблем со нишанот.
Млад бразилски фудбалер кој од Грција преку Литванија стигна до израелската лига, објави видео на кое покажува колку ужасно е разрушен неговиот дом во Петах Тиква од страна на ракетите кои ги испалил Хамас.