Рајо Ваљекано продолжува да биде нагазна мина за Реал и Барса. И Каталонците и Мадриѓаните често се лизнуваат во ова мадридско предградие. Така во понеделникот вечер, Рајо со 3:2 го урна големиот Реал Мадрид. Столе Димитриевски беше на висина на задачата цел меч иако не успеа да му одбрани пенал на Лука Модриќ.