17 од 26 фудбалери на Австралија на Светско се од други земји

Репрезентацијата на Австралија го продолжи континуитетот настапи на Светски првенства откако на пенали го совлада Перу во баражот. Според правилникот на ФИФА, „кенгурите“ го пратиле официјалниот список од 26 фудбалери колку што е максимум. Седумнаесет се доселеници или деца на доселеници од други земји.

Дури третина (65%) од составот на Австралија на Мундијалот се играчи кои можеле да играат и за други репрезентации зошто или самите или нивните родители се од тие земји.

Метју Рајан (Англија)
Дени Вуковиќ (Србија)
Хари Сутар (Шкотска)
Милош Дегенек (Србија)
Бејли Рајт (Англија)
Томас Денг (Јужен Судан)
Азиз Бехиќ (Турција)
Фран Карачиќ (Хрватска)
Киану Бакус (ЈАР)
Арон Муј (Холандија)
Џексон Ирвајн (Шкотска)
Ајдин Хрустиќ (Босна и Херцеговина)
Авер Мабил (Јужен Судан)
Мартин Бојл (Шкотска)
Џејми Мекларен (Шкотска)
Џејсон Камингс (Шкотска)
Гаранг Куол (Јужен Судан)

Австралија има играчи со две државјанства од кои може да состави една екипа и резерви и тоа: двајца голмани, по четворица стопери и играчи од среден ред, по едно крило и бек и плус тројца центарфори.

Интересен е случајот со Метју Рајан од Шкотска. Неговата мајка ја напуштила кариерата поради синот кој го возела постојано на треннзи и натпревари, му купувала опрема и се што е потребно.

„Мама направи сè за мене и сестра ми, таа поднесе неверојатна жртва“, вели австралискиот репрезентативец Метју Рајан.

Дени Вуковиќ е роден во српска фамилија во Сиднеј и кариерата ја почнал таму. Татко му на времето работел во Нови Сад а потоа семејството емигрирало во Австралија каде има голема српска заедница.

Хари Сутар е роден во Абердин. Почнал да игра фудбал во Шкотска и заиграл дури и за младинската репрезентација. Постариот негов брат игра за Шкотска. Татко им играл за шкотскиот клуб Бречин но Хари ја одбрал Австралија од каде е мајка му.

Милош Дегенек е роден во Книн, градот на некогашната самопрогласена република Српска Крајина. После една година од раѓањето Милош со семејството бил протеран од хрватските воени сили и за да се спасат пребегале во Србија. После четири години заминале од таму поради НАТО бомбардирањето и се преселиле во Австралија.

„Имам 21 година но сум поминал повеќе од некои луѓе на 90“, изјавил во една прилика Милош кој со Црвена звезда играше и во Лига на шампиони.

Азиз Бехиќ е потомок на турски жители на Кипар. Неговите родители избегале за време на воениот удар во Северен Кипар во 1970-те години иако татко му во тој момент бил познат играч таму. Нашле неколку работи во Австралија а Бехич има уште четири други браќа и сестри.

Фран Карачиќ е роден во Хрватска и дури до 24 години играл во хрватските клубови а има и настапи за младинските селекции на „коцкестите“. Ја избрал Австралија каде е роден татко му со цел да добие шанса да игра на едно Светско првенство кога веќе за него нема место во силната репрезентација на Хрватска. Интересно никогаш претходно не бил во Австралија и неодамна го научил англискиот јазик.

„Тоа е неважно, сите имаме исти врски и горд сум што го носам дресот на оваа репрезентација“, рекол Крамариќ. Австралија на Светското првенство ќе отвори со силната Франција на 22 ноември. После четири дена игра со Тунис а четири дена по тој меч со Данска.

9 ноември 2022 - 11:20