Голем шампион: Јосип Иличиќ се врати во Словенија, излекува депресија и здебелен дава голови

Словенечкиот ас кој се изнадава голови во Италија и во еврокуповите, помина тешки месеци во борба со депресија. На крајот се повлече од голема сцена и се врати во татковината каде игра со ќејф.

Кариерата и животот на Јосип Иличиќ се права инспирација за секој писател, режисер, сценарист.

Словенецот беше прав маестро на теренот каде и да играше ширум Италија. Елеганција во движење, леснотија со топка каква што имаат само големите мајстори.

Откако неколку пати во изминатите месеци се повлекуваше поради депресивна состојба за што имаше и огромна поддршка од навивачите и клубот Аталанта, Јосип Иличиќ како да реши дека е време да се повлече од голема сцена.

На почетокот на октомври, словенечкиот клуб Марибор објави дека потпишал договор со Јосип Иличиќ кој беше слободен играч по раскинот на договорот со Аталанта (обостран и пријателски).

На дебито, поправениот Иличиќ чекал еден месец.

На 6 ноември првпат влезе на терен во 77’ минута од мечот со Мура а веќе во 89-та минута постигна гол од пенал кој сам го заработил. Марибор на крај славел 5:1.

Јосип изгледа многу поправен но тоа не му смета да се враќа во форма. Во 2022-ра година поради ментални тегоби, Словенецот одигра само два меча за Аталанта и тоа 11 минути против Удинезе во јануари и 8 минути со Емполи во мај. Претходно седеше на клупата за резерви во плејофот за Лига Европа.

На крајот од август со управата споразумно се договориле да се разделат.

ИЛИЧИЌ РЕЧИСИ ЦЕЛ ЖИВОТ ПАТИ ОД ДЕПРЕСИЈА

Јосип Иличиќ е роден во Босна во време на воени виори. Неколку години малиот Јосип бил во голема жалост поради смртта на татко му кој бил застрелан близу нивниот семеен дом. Јосип имал само седум месеци тогаш па подоцна дознал што се случило. Времето не му помогнало да ја исцели болката.

Во 2009-та година останал без клуб па тогаш првпат сериозно го парализирала апатија и размислувал да замине од фудбалот со кого толку многу си дадоа.

Во тоа време веќе играше во италијански клубови за богати договори. Се обратил кај познатиот психотерапевт Пјетро Маранџело кој му дијагностицирал нестандардна депресија односно биполарно афектно растројство.

Во 2018-та година Иличиќ тешко се справил и со веста за смртта на неговиот соиграч и пријател од Фиорентина, Давиде Астори. После извесно време Јосип и самиот едвај останал жив поради воспаление на лимфна жлезда, го спасиле навремени антибиотици.

Во 2020-та година, според натписите на медиумите, кога се вратил дома во Словенија на една пауза, ја затекнал жената со друг маж. Иако оваа вест велеа дека била лажна, набрзо Јосип ги тргнал од социјалните медиуми сите фотографии од сопругата.

Сега одново се враќа стариот добар Јосип. Препознатлив кај навивачите како одличен фудбалер и расен стрелец. Веруваме дека ќе го гледаме во еврокуп наскоро со Марибор.

8 ноември 2022 - 13:32