И сега со што се допингува Ноле, расолница, чај од жива ограда или магарешко млеко?

Ние прашавме, вие одговоривте. Битно да е забавно.

Од полуфиналето на мастерсот во Париз меѓу Ѓоковиќ и Циципас се рашири видео на социјалните мрежи, снимено на трибини кое скокотка по малку.

Тимот на Србинот скришно раствора пијалок кој преку девојчето што собира топки завршува кај Ноле во раце. 

Се разбира дека не се работи за допинг бидејќи сигурно дека не би му го давале на сред натпревар, но сепак клипот шири општа радозналост затоа што тоа го прават задскриено и плус се работи за Новак.

Поранешниот тенисер Роби Кениг вели вака:

„Врвните спортисти во кој било спорт, посебно во индивидуалните спортови, не сакаат ривалите да ги знаат нивните тајни и во тоа нема ништо нелегално. Тоа се основите на натпреварувањето. Дали некогаш сте ја погледнале тренинг програмата на Пјеро Паганини за Роџер Федерер?“.

Го отворивме нашиот Фејсбук под статијата насловена како:

Што е со мистериозниот напиток кој заврши кај Ѓоковиќ на сред натпревар?

А таму смејурии колку сакаш :). Уште шумечи витамин фали :).

8 ноември 2022 - 15:29