Алиоски Џани во пролаз

Македонскиот репрезентативен офанзивен лев бек не може ако не направи белја. Додека неговиот соиграч Креспо даваше изјава, Џани га скубна за коса. После продолжи да прави ѓурултии.

 

После Алиоски глумеше и преведувач и репортер:

Фенербахче конечно после долги години игра во топ форма во турското првенство. Имаат 9 победи, 2 нерешени и само 1 пораз на 12 меча и со 29 бода се први на табела пред Истанбул Башакшехир и Галатасарај.

Во понеделникот вечер Фенер долго играше со играч помалку поради црвениот картон на Митчи Батшуаји во 48’ минута но на крајот славеше со 1-0 со голот на Енер Валенсија. 

Нашиот Џани играше скоро цел меч од почеток до 83’ минута кога излезе од игра. 

8 ноември 2022 - 08:59