Маестрална комбинација Де Јонг - Рафиња за голем пресврт и победа на Барселона

Момците на Чави одиграа херојска партија на гостувањето против Осасуна. На полувреме губеа 1:0 и беа еден час со играч помалку поради два жолти картони на Левандовски. Педри израмни на самиот старт на вториот дел, а Де Јонг и Рафиња во 85-та минута ги изрежираа асистенцијата и голот на колото за конечни 1:2.

Голот на Педри за израмнување.

Раното водство на домаќините.

Гестот на Левандовски кога доби црвен.

Црвен за приговор доби и Пике кој нема да може да го одигра последниот меч за Барса на гости.

Барса има фантастичен скор од 12 победи на 14 средби и има примено само 5 гола. Реал Мадрид во четврток го пречекува Кадиз.

Големото славје на каталонците

9 ноември 2022 - 08:19