Offside

Што направија со ФК Работнички, повеќекратниот шампион на Македонија и освојувач на Купот, градски клуб кој играше во плејоф за Лига на шампиони, плејоф за Лига Европа, клуб кој даде толку многу репрезентативци и селектори, и во Скопје донесе познати европски клубови. Работнички сезонава пропадна, за првпат во историјата испадна во Втора лига.

Ти си наш капетан, ние сме твое пристаниште

Хрватска и Франција одиграа 1:1 во 2. коло од Лига на нации, а мечот го одбележа еден прекрасен гест на навивачите, кој може да служи за пример како треба да се третираат легендите и да се крева националната свет.

Фитиљ решеташе за Хановер и му донесе триумф во последен напад

Филип Кузмановски одигра блескав меч во 32. коло од Бундеслигата во кое Хановер го совлада Ерланген со 28:27. Македонскиот репрезентативец постигна 6 гола, а на околу 20 секунди до крај украде топка и од половина терен стрелаше за победа.

Носталгија на денот со Меси и Чави

Едниот си замина од што мораше или затоа што се торковци што не го задржаа до крај на кариера, а другиот кој диригираше на терен, сега диригира од клупа. Каталонците на Твитер денеска се решија за објава со двете легенди, овој пат во различни улоги. Уметност.

21 година од дебито на Пандев за Македонија

6 јуни, 2001. Турција - Македонија 3:3. Други времиња, структури, селектор, стручен штаб, соиграчи. Сè се менуваше, само струмичката легенда остана и по две децениски мега тешки битки, успеа да си го исполни сонот, свој и на цела Македонија.

Преименувајте го Ролан Гарос во Рафа Надал, време е веќе

Она што го (на)прави „бикот од Мајорка“ на париската црвена земја е за на филм. Таква доминација на еден терен скоро и да немала ниту една друга атлета во друг спорт.

Најјакото уметничко сквернавење на дресот на Реал Мадрид

Дечкото вели дека работел како луд на него и го завршил после 50 часа. Првиот кадар со четката може изгледа језив за секој мадридиста, ама кога ќе го види крајот, во истиот момент ќе сака да го нарача. 20 долари кошта ова ремек дело.

Ваквите Кавани обично мижеечки ги дава

Освен Аргентина, пријателска средба синоќа имаше и селекцијата на Уругвај против САД, ама го одигра најдосадниот резултат 0:0. Единсон Кавани изгледа веќе е со мислите на Малдиви.

Велс не ја пушти Украина на Светско првенство и оди на прв Мундијал после 64 години

Во последниот натпревар за пласман на европска селекција на Светско првенство 2022, Велс на домашен терен во финалето на баражот ја совлада Украина со 1:0. Единствениот гол беше автогол на најдобриот украински фудбалер Андреј Јармоленко по слободен удар на Герет Бејл.

За Италија заигра млад фудбалер за кој никој никогаш не слушнал и намести гол против Германија

Италијанскиот селектор Роберто Манчини сфати дека нешто мора да менува по дебаклите од Македонија и Аргентина, дека аѕурите одат во надолна линија, па се реши да повика еден дебитант за кој ретко кој слушнал.

Безобразно дрска завршница на Џордан Пул од пола терен

Кошаркарите на Голден Стејт го возвратија ударот во вториот натпревар од големото НБА финале против Бостон Селтикс и тоа убедливо со 19 поени разлика.

Луди голови во први и последни секунди за пласман во Ла Лига

Во баражот за прва лига, пред неколку дена Еибар на гости ја совлада Жирона 0-1 со можеби најубавиот гол на сезоната во шпанскиот фудбал. И сè беше спремно малиот симпатичен баскиски клуб да се врати во елитен ранг, ама Жирона направи целосен пресврт во реваншот и со ремонтада 0-2 оди во Ла Лига!

Меси - Естонија 5:0

Паралелно со натпреварите од Лига на нации, синоќа се одиграа и неколку пријателски. Лео Меси билдаше лична статистика и испишуваше историја против аутсајдерот Естонија.

Фер плеј потег на Џани Алиоски награден со аплаузи од сите присутни

Македонската фудбалска репрезентација очекувано го совлада тоталниот аутсајдер Гибралтар со 0:2 (0:1) и по ремито со Бугарија сега има 4 бода. Мечот ќе се памети по бравурите на Барди и Николов кои беа стрелци на головите, но и по потегот на Џани Алиоски кој прекина една убава акција на Македонија поради тоа што противнички играч лежеше на тревникот.

Рутинска победа на Македонија на необичниот стадион во Гибралтар

На едно интересно и несекојдневно игралиште, „Викторија Стадион“ на Гибралтар кој има капацитет од 5.000 гледачи, но денес не беше полн, Македонија како апсолутен фаворит освои важни бодови.

Џорџо Кјелини се расплака кога виде една слика од Јувентус

Големиот Џорџоне, една од најголемите клупски легенди на гигантот Јувентус се прости од својот сакан клуб и оди да доигра уште некој месец во Лос Анџелес за богат договор. Кјелини стави крај на активната кариера во репрезентацијата со која освои Европско првенство лани. Во интервју за БиБиСи, Џорџо се расплака.

Мајсторија на Енис Барди за водство на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација води на Гибралтар 0-1 со гол на капитенот Енис Барди кој после соло акција постигна убав гол за водство кај тоталниот аутсајдер во групата.

Голем и убедлив триумф на Рафа Надал за 14-та титула на Ролан Гарос

Шпанскиот ас од 2005-та година со кратки прекини е асполутен владетел во Париз. Денес ја освои рекордната 14. титула на Ролан Гарос на севкупно 18 настапи со што влегува во вечноста. Во големото финале Рафа го декласираше младиот Норвежанец Каспер Руд со 3:0 во сетови (6:3, 6:3, 6:0).

Стигна и компилацијата со најсмешни НБА моменти на сезоната

Во НБА остана отворено главното прашање, она највредното, околу новиот шампион. Првакот го одлучуваат Голден Стејт Вориорс и Бостон Селтикс, а „детелините“ направија брејк на првиот меч и однесоа победа од Сан Франциско за водство 0-1 во серијата.

Навивачки спектакл на Комити, 10 километри долга бакљада

Неколку убави причини имаа навивачите на Вардар за голема прослава во саботата вечер. Се славеше 35-годишнина од основање на групата Комити, 75-ти роденден на Вардар, 15-та титула во ракометното првенство и 5-години од најголемиот успех во историјата на ова спортско друштво - првата европска шампионска титула во ракомет.

Ибрахимовиќ, чекај да видиш што направи едно дете од Австралија

На средбата меѓу Ирак У-23 и Австралија У-23 од Купот на Азија за фудбалери до 23 години во Узбекистан која заврши 1-1, „кенгурите“ поведоа во 45+2' минута со неверојатен гол на Алу Куол кој направи скорпион потег. Куол игра за германски Штутгарт а неговите се од Судан.

Луцидни потези на Пелегрини, ги издрибла Кимих и Горецка како на тренинг

Капитенот на Италија и капитен на Рома, Лоренцо Пелегрини беше најдобар играч на мечот Италија - Германија (1:1) одигран во рамки од Лига Нации во Болоња. Италијанската десетка постигна убав гол а имаше и пар луцидни потези.

Нов испад од првиот човек на Славија Софија: „Јас сум од Битола, Македонија е Југозападна Бугарија“

Венцеслав Стефанов очигледно си нема попаметна работа во овие летни спарни денови, па или дамлата му удрила во ќелавицата или нешто друго е во прашање.

„Ај па да освоиме и некоја титула во новиов дрес“

Волшебникот кој на терен како играч освои се што можеше да се освои, од Лига на шампиони до европски и светски првенства, минатата сезона седна на клупата на Барселона и ја спаси од целосна пропаст. Каталонците беа во долниот дел на табелата, а по доаѓањето на Чави напрвија чудесна победничка серија. Сега им стигна новиот дрес за новата сезона 2022/2023.