Блогот „Светско првенство во зима“ го водат Русите Коста и Марина кои веќе изгледале неколку натпревари, посетиле разни стадиони, фан зони и познати места во Катар.
Велат дека проблем е кога човек ќе отиде гладен на стадион во Катар затоа што според нив, храната која се продава на стадионите не била баш идеална. Напротив.
За време на првото искуство во Катар со бутките каде се продава храна и пијалаци, тие се изенадиле колку бавно работеле вработените (најчесто поради фактот што не ги знаеле зборовите на странски јазик) што доведувало до големи и долги редови.
Коста и Марина велат дека топла храна на мени едноставно нема.
Може да се купат напитоци како кока-кола, фанта, вода и безалкохолно пиво како и грицки (ореви, чипсови, пуканки). Газираните пијалаци чинат 250 денари по шише, пивото безалкохолно околу 515 денари. Микс јаткасти плодови чини 390 денари, а пуканки или чипс 168 денари.
Пивото се служи во симпатична чашка со информации за мечот и логото на Светско првенство 2022.
На повеќето стадиони системот бил горе-долу ист, имало декларирана храна на сите бутки но проблем било што на речиси сите стадиони немало никакви столови ни маси за јадење.
„Не сме биле уште во Лусаил но на другите стадиони немаше ништо. Освен на Ал Џануб Арената каде беа поставени барски пултови“, вели Коста.
Преоѓа Коста на главните јадења.
Говедски бургер изнесува 700 денари (со букви седумсто денари, да добро прочитавте). Коста вели дека го оценува 4/10. Единствено што го вади вели е добрата плескавица која нема врска со права бургерска плескавица но сепак е вкусна.
Хот-дог чини 440 денари и за него двајцата велат дека е најлошиот што некогаш во живот го пробале. Му даваат оцена 1/10. „Ужасна колбасица од непознати сировини, намачкана со сос кој потсеќа на кари. Две лепињи околу виршлата постојат само колку да го кажеме хот-дог“.
Фатајер со сирење - 250 денари.
Арапска пита. Коста и тука слегнува со раменици и вели дека е полесно да се најдат добри моменти во играта на катарска репрезентација на Светско отколку сиренце во питава. 3/10 ако го добиете тазе печено. 1/10 ако е веќе отстоено и оладено.
Фатајер со спанаќ - 250 денари. Тука ќе најдете повеќе мастраф но и повеќе сол, вели Коста. Ако сакате спанаќ ќе ви легне. 5/10.
Чикен шаварма - 515 денари.
Шаварма е нешто налик гиро. На стадионите на Светско првенство тој пробал послаба пилешка шаварма од кога и да било. Ролатот е без вкус, пилешкото е суво и има потполно отсуство на каков било сос.
Генерално 2/10 ако ви ја спремиле веднаш на лице место а 1/10 ако е оладена. Вегетаријански рол - 440 денари. Класен, добар свеж рол со овошје и хумус. Одличен. Единствен минус му е цената. Инаку 6/10.
Ист ваков рол со месо и сирење, додава рускиот патописец, е главна провала на Светското: ужасен рол со чудно место за астрономски пари - 860 денари.
На менито има и вегетаријански ражничи за 280 денари (веројатно парчиња моркови и целер), но не виделе некој да ги јаде.
Имало и локумадес, слатки домашни колачи и крофни но не биле за продажба. Од слатки имало само сладолед, поточно овошен мраз во вид на знаме од земјата-учесник на Светското првенство.
Блогерот го пробал сладоледот со знамето на Катар. По вкус вели 2/10 зошто чини 350 денари.
Единствена светла точка за неколкудневниот престој во Катар му бил карак - локален чај со какао и домашни ориентални зачини. Одличен е вели на прилично студените катарски стадиони (многумина се жалеа дека поради страшно силните разладувачки системи на трибините е мраз).
Цената на овој чај со необичен вкус била 250 денари.
„Многу луѓе во коментари ме прашуваат што воопшто јадеме тука и какви се продуктите во продавници, во маркети? Дали има нешто необично?
Искрено, производите во продавниците се потполно исти како кај нас. Не приметивме ништо посебно во супермаркетите. Ситуацијата е иста како во руските дуќани. Неколку дена живееме во стан со кујна. Ја користиме да готвиме класични јадења: зеленчук, месо, јајца и се друго е во ред. Цените се отприлика исти како и во Санкт Петербург, можеби некаде 5-10% поскапи. Но скоро месец дена не сме биле во Русија и цените можеби и таму сега се слични“.
Кога живеевме во вагон, имавме експериментална храна: пробувавме да најдеме топла храна. Најпопуларно јадење таму беше ориз со сос од месо, гравче и зеленчук. И беше многу вкусно, а чинеше 250 денари по оброк.
Понекогаш одевме на паста или на локална риба во ресторан. Цената на готвена храна е многу повисока отколку кај нас. Во фаст-фуд сендвичарите и помалите ресторани сметката може да оди до 550 денари но порциите се многу големи, па да земете две порции скоро секогаш е грешка. Но како што се сеќавате од почетокот на текстов, има само една поголема грешка: да отидете гладен на стадион.
Затоа јас пред мечот се најадов добро, а дуелот испадна уште подобар: Хрватска и Јапонија стигнаа до пенали во кои Доминик Ливаковиќ „ги изеде“ Јапонците.