Властите на Шпанија дента на решавачкиот меч од осминафинале против Мароко, го прославиле денот на конституција во Мелила која пред 44 години влегла под шпанска закрила, со знаме и химна и симболично да означат дека ја сметаат оваа ексклава* за своја.
(*регион одделен од својата земја, окружен со друга држава/држави, со излез на море, нешто како Калининградска област која е полуексклава).
Во Мелила живеат околу 80.000 жители, а покрај овој град, Шпанија со Мароко се граничи и со градот Сеута.
Мароко во вторникот вечерта ја задржа силната и моќна Шпанија на 0:0 па потоа на пенали победи 3:1 (Шпанците промашија дури три пенали) и сензационално се проби до четвртфинале, прво за Мароканците во историјата. Решавачкиот пенал го постигна најпознатиот марокански репрезентативец, Ашраф Хакими (инаку роден во Мадрид).
Вечерта во Мелила, очекувано, славеле бројните Мароканци и други затекнати таму Африканци.
Интересно, овој град има и истоимен фудбалски клуб Мелила кој игра во шпанската фудбалска хиерархија. Неколку пати им се посреќи во Копа дел Реј да играат против гигантите од Ла Лига, па така пред неколку сезони го пречекаа и големиот Реал Мадрид.
И покрај границата со поинаков културолошки код, во Мелила нема да најдете многу африкански мотиви и елементи. Ова е втор град во Шпанија после Барселона по бројот на зданија во стил модерн којшто ги градел ученикот на Гауди, Енрике Нието кој еднаш дошол на гости во Мелила и толку силно се вљубил што решил да остане таму да живее.
Во 1936-та овој познат архитект станал главен архитект на градот и проектирал повеќе од 500 зданија во стиловите ар-нуво и ар-деко меѓу кои синагога, католички храм и дури централната џамија.
Според пописот, градот е мултикултурален: има околу 46% шпански католици, 44% муслимани а останатиот дел од населението се Евреи, Индуси и други.
Нивото на живот во Мелила е едно од најниските во цела Шпанија. Невработеноста движи околу 27,6% при што доминираат невработени млади (до 25 години) со 63%.
„Во Мелила има малку локални индустрии. Не е развиено селското земјоделство, не е развиен риболовот. Повеќе работни места се поврзани со трговија со Мароко и во државен сектор. Околу 40% од населението е во буџетниот сектор“, вели Лаја Сото Берман од универзитетот во Хелсинки која што пола година ја изучувала Мелила.
Но Мелила огромен буџет добива од Европска Унија со цел силна заштита на границата со Мароко.
Кој е јунакот кој го прослави Мароко?
Радоста на марокански новинар на прес после историскиот успех