Интертек со брзи контра-напади до победа над ЕЛЕМ
Интертек 7-4(4-4) ЕЛЕМ
Интертек: Марио Кукилијан 20’ Александар Михајловски 1’ Огнен Поповски 37’ Мартин Лазаревски 3’ 35’ 38’ Дарко Костадинов 13’
ЕЛЕМ: Тихо Груевски 4’ 9’ 18’ Аврамовски Александар 20’
Интересно прво полувреме ни прикажаа екипите на Интертек и ЕЛЕМ, екипата на ЕЛЕМ го започна овој дуел со голман играч и офанзивна игра. Екипата на Интертек ја искористи отворената игра на ЕЛЕМ и грешки во нивната одбрана за да дојде до рано водство од 2-0. Екипата на ЕЛЕМ ги консолидира своите редови и одлина игра успеа да дојде до израмнување на резултатот на 2-2. До крајот на полувремето двете екипи беа ремномерни и постстигнаа по 2 погодоци за нерешен резултат од 4-4 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Интртек го подигна нивото на игра и од минута во минута успеваше да го зголемува водството и резултатски да се одвои од противникот. Екипата на ЕЛЕМ се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот но Интертек постави одлична игра во одбраната и преку брзи контра напади ја осигура победата во овој натпревар со резултат од 7-4.
Во натпревар полн голови УНИКА подобри од ЈП Дрисла
ЈП Дрисла 13-15(6-8) УНИКА
ЈП Дрисла: Дени Стојановски 11’ 24’ Бесник Шакири 3’ 5’ 9’ 20’ 31’ 38’ 39’ Расим Исмани 11’ 23’ 24’ Ридван Демири 24’
УНИКА: Љуљзим Каштањева 6’ 20’ 23’ 29’ 29’ 35’ Аднан Лимани 1’ 8’ 20’ 31’ Беким Љута 3’12’ 23’ Шабан Чупи 17’ 40’
Динамично прво полувреме прикажаа екипите на ЈП Дрисла и УНИКА, двете екипи во овој натпревар влегоа со отворен фудбал и офанзивна игра. Прва до предност дојде екипата на УНИКА уште првата минута, а во истата минута екипата на ЈП Дрисла го возврати ударот и израмни на 1-1. Ваквиот почеток на натпреварот навести дека не очекува полувреме полно со голови, екипите се менуваа воводството но ниту една од екипите немаше доволно сили за резултатски да се одвои. До крајот на полувремето двете екипи имаа висока реализација но УНИКА со два погодоци пред финишот на полувремето резутатски се одвои за 6-8 на полувремето. Во второто полувреме екипите продолжија со одличната игра, екипата на ЈП Дрисла во второто полувреме успеа да ја стопи разликата од полувремето и екипите беа повторно резултатски израмнети. Кај ЈП Дрисла во финишот од полувремето почна да се забележува пад во играта што УНИКА вештно го искористи за во висок ритам да го заврши и добие овој натпревар со 13-15.
Шпаркасе Банка со сигурна игра до победа над Спорт Лајф
Шпаркасе Банка 7-1(4-0) Спорт Лајф
Шпаркасе Банка: Игор Коланоски 13’ 17’ Марјан Спасовски 19’ 31’ 38’ Спасе Спасовски 8’ Стојнчо Јосифовски 34’
Спорт Лајф: Валерија Ваљак 40”
Одличен почеток за екипата на Шпаркасе Банка во дуелот со Спорт Лајф, тие од самиот старт на натпреварот на теренот настапија со цврста и сигурна игра со точни подавања. Екипата на Спорт Лајф се обидуваше со брзи напади и удари од далечина да го изненади противникот но немаше успех во тоа, екипата на Шпаркасе со одлична игра во одбрана и Јосифовски на голот не дозволи бранување на мрежата. Натпреварот го отвори Спасевски со погодок во 8та минута од полувремето, по ова водство Шпаркасе Банка мотивирано продолжија и до паузата успеаа да створат солидна предност од 4-0. Во второто полувреме екипата на Спорт Лајф направи неколку измени во играта но тоа не вроди со плод. Екипата на Шпаркасе Банка денес беше сигурна и со одлична реализација од минута во минута го зголемуваше водството до 7-0. Во финишот од натпреварот екипата на Спорт Лајф преку Валерија Ваљак успеа само да ја намали разликата 7-1 резултат со кој заврши овој натпревар.