Лудата тројка со која Недовиќ го реши историското вечно дерби

Кошаркарите на Партизан и Црвена Звезда низ историјата одиграле стотици дуели, многу од нив на нож, со големи тензии, нервози, прекини. Во четвртокот вечер за првпат се сретнаа и во елитната Евролига. Во белградска „Арена“ над 20.000 гледачи, многу гости од страна дојдени само за дербито, и гостинска публика која се радуваше на тројката за победа во последна секунда.

Немања Недовиќ тројка во последна секунда за триумф 73:76 на Црвена Звезда во Евролигата:

Плејмејкерот на Звезда и ја донесе петтата победа по ред во Евролига а четврти пораз во серија за Партизан. После 12 кола во елитната лига, црвено-белите имаат 6-6 а црно-белите 4-8.

Интересно, ова беше 289. дуел меѓу Звезда и Партизан во сите натпреварувања. Црно-белите имаат 149 победи, во најголем дел остварени под хегемонијата на легендарниот Душко Вујошевиќ, а Звезда забележала 143 триумфи. Пет меча завршиле нерешено. Црвено-белите добиле дури 10 од последните 13 меѓусебни средби.

Како Митрогол беше пречекан на дербито Ѕвезда - Партизан?

9 декември 2022 - 09:38