Offside

10 мај 2026 година, засекогаш ќе биде запаметен како најцрн ден во историјата на ФК Работнички. За „Херојот од Дебар Маало“, за клубот кој некогаш важеше за клуб со кој цела Македонија се гордееше, за клуб кој пред една – две децении беше фактор бр.1 во мак – фудбалот.

Компилација на 20 неверојатни поени на Ѓоковиќ, Федерер и Надал

Најславното тениско трио одбележа златна ера во тенисот, која за среќа уште трае. Заедно имаат освоено вкупно 63 Гренд слем турнири или 81%, од 2003-та до денес. Видеото е да гледаш, да уживаш и да бараш репетиција на секој поен од сите агли. Какви легенди.

Убаво е да се види ваква дрска игра под кош на наше дете

Храброто момче се вика Метин Саити, член на Македонија У-18, кој на мечот против Црна Гора го залепи на постер својот чувар, за овации на публиката.

Најбрзата жена на свет ништо не ја спречува да прави чуда

Шели-Ен Фрејзер-Прајс на Светското атлетско првенство во Орегон ја освои рекордната петта титула светска шампионка во трка на 100 метри. Чудото од Јамајка има 35 години, има 4-годишен син, а во големото финале истрча сто метри за 10,67 секунди.

Стерлинг одби да потпише дрес на Сити

Само неколку дена откако го напушти Манчестер Сити каде е клупска икона со 4 шампионски титули, 5 Лига Купа, 1 ФА Куп, Рахим Стерлинг потпиша со Челси а на промоцијата одби на млад навивач да му потпише дрес од Сити. Професионализам или некоректност проценете сами.

Во Чиле топката на стадион ја донесоа како јаболка во плетена корпа

Необични кадри пристигнаа од третолигашкиот фудбал во Чиле. Пред стартот на мечот пристигна дрон од кој висеше плетена корпа, а во неа топката со која треба да се игра. Wtf?

Даде гол од пенал, ама не го сфати значењето на пеналот

Мароко ја совлада Нигерија со 5:4 на пенали во полуфиналето од Купот на Африкански нации за жени. Пуста Розела, се збуни целата и не сконта дека нејзиниот гол е решавачки за пласман во финале и тоа прво во историјата на нејзината земја во ова натпреварување.

Дибиров: Драги пријатели, потребен е текст за многу страници, вие сте засекогаш во моето срце

По 9 прекрасни години, полни со историски мигови, шампионски сјај и взаемна љубов со клубот и навивачите, Тимур Дибиров го напушта Вардар. Заминува горд и исполнет, затоа што беше како дома, со 21 трофеј и како трет најдобар стрелец во ЛШ со 1.043 голови. Легенда.

Нова ера на Арена - Премиер лига ексклузивно на Арена спорт каналите

Сезоната, во која што Манчестер Сити ќе се обиде да ја одбрани шампионската титула, ветува дека уште еднаш љубителите на фудбалот, особено англискиот, ќе имаат прилика да уживаат во
врвно фудбалско надигрување и надмудрување, возбудливи акции и сензационални голови.

Да нарачаме достава ако може, фудбал за носење

Талабат е компанија која врши достава на храна и е водечка во својата област во Кувајт, Саудиска Арабија, Бахреин, УАЕ, Катар, Оман, Ирак, Египет и Сирија. На еден меч од египетската прва лига меѓу Ал Ахли и Пирамидс, топката на судијата му ја донесоа со достава од оваа фирма.

Лазаров под водство на Душебаев бил „осуден“ на успех и полн со живот, храброст и самодоверба

Во Загреб на Кире му велеле дека стилот му е застарен, а Талант од тој негов стил го извлекол максимумот. На играчите им се поставувал само на еден начин, а тоа е како да бидат добри. Приватно бил многу забавен лик, ама во соблекувална знаел да полуди и да крши сè пред себе.

Го апси, го претресува и потоа колегата му кажува дека е играч на Милан

Во Италија се случи полициска акција која сигурно ќе биде исмејувана на сите комични емисии, а ги имаа бајаги. Фаќаат човек со капче, го тресат, за во еден момент џандарот да му каже на колегата дека се работи за Бакајоко од Милан, инаку тазе шампион во Серија А. Реакцијата на ќелавиот е хит.

Аугзбург најискрено го поздрави трансферот на Левандовски

Трансфер бомба на летото секако е преминот на врвниот полски центарфор Роберт Левандовски од Баерн Минхен во Барселона. Сагата за Полјакот конечно заврши после неколку месеци. Сега социјалните мрежи горат од коментари и реакции, а најјака беше онаа на бундеслигашот Аугзбург.

Мурињо ја покажа тетоважата

Иако низ кариерата важеше за строг, ригиден тренер кој не им дозволуваше многу кривини на играчите, португалскиот тренер откако седна на клупата на Рома, сè повеќе се забавува по социјални мрежи, со навивачи, со коментари, лајкови. Сезоната ја спаси со освоен голем трофеј, прв европски за Рома во Куп на Конференции. И реши да ги нацрта сите главни евро пехари кои ги освоил.

Куче направи карамбол на Тур де Франс

За време на 12. етапа од најелитната велосипедска трка на светот Тур де Франс, Белгиецот Ив Лампаер налета на едно куче кое стотици други велосипедисти го избегнаа. Среќа повеќето закочија на време па се избегна уште поголем циркуз.

Ај што отворија Швајцарците нова сезона, него веќе имаат и кандидат за гол на сезоната

Кој беше на одмор, беше, веќе е време за нова сезона во швајцарската лига. Ако некој планира да прави најавна шпица, нека го погледне голот на мечот Сервет - Сент Гален 1:0, кој падна уште по 5 минути игра. На дечково изгледа му фалело да зарога топка.

Голмански диви мачки од Серија А

Мењан, Хандановиќ, Скорупски, Шчесни, Оспина... Врвни голмани кои изминатава сезона во Серија А 2021/2022 имаа фантастични одбрани за насловна страна. Паради како диви мачки.

ФИБА ни стави уште една додавка на името

Пацерски потег на ФИБА, која како светска куќа на кошарката не ја личи да прави вакви гафови. На мечот во Тбилиси во рамките на третото коло од Европското Првенство – Б дивизија за играчи до 20 години, имаш ова:

Кога Надал се мести да сервира против Ѓоковиќ, ама троа подолго

Добро го измонтирале, ај ти. И имајте трпение, фората е до крај да го изгледате.

Режија што се усрами бе?

Добро, сепак не беше спремен за таков кадар да остави да оди во етер.

Прв и последен пат те носам на стадион

Можеше да се стрпиш до полувреме, да му се сневиди.

Сиудад Реал, клубот во кој Кире се препородил и посакал да може некој да го клонира

Шпанскиот систем во Сиудад Реал, за Лазаров бил како откривање на нов континент. Мислел дека до 29 години знаел сè за ракометот, а уствари ништо не знаел, вели тој. Душебаев до толку водел сметка за стабилноста и мирот на играчите, што имал тактика и како да им ги направи жените среќни. Раул Гонзалес добил задача од Талант да ги снима грешките на Кире на тренинзи и потоа да го научат како да ги поправи. Се работело со помал напор кој давал поголема ефикасност, а не комунистички како во Веспрем. Во првата сезона им земале три пехари на Барса.

Ѓоковиќ го имитира Борис Бекер

Од егзибицискиот меч во БиХ во градот Високо, имаме уште материјал. Ѓоковиќ отвори тениски комплекс за помладите, ама и ги забавуваше, за што е многу вичен.