Егзибициско тениско шоу на Ѓоковиќ и Кирјос

Само еден ден откако на мангупски начин го имитираше Меси, Новак Ѓоковиќ одново се погрижи за забава, овој пат со тениско загревање пред Австралија опен на кое му се придружи Кирјос со кого ги средија односите на Вимблдон минатата година. Падна и оро.

15.000 карти беа рспродадени за само еден час за арената Род Лејвер во Мелбурн каде Ѓоковиќ и Кирјос одиграа егзибиционен натпревар од хуманитарен карактер.

Една година по депортацијата од Австралија, Ѓоковиќ е во топ форма со расположението и постојано ја забавуваше публиката. Играше оро, мешаше, а во еден момент дури и бараше совет од гледач за како да одигра.

Мечот се играше со други правила, место во шест во четири гејмови за освоен сет, а тај брејкот во третиот сет беше кој прв ќе стигне до 10 поени.

Ник Кирјос победи, но резултатот беше во сенка на шоуто на кое се приклучија и деца на терен.

Австралија опен стартува на 16 јануари. 

Комична сцена на Ѓоковиќ со аргентинскиот тенисер Диего Шварцман

13 јануари 2023 - 14:06