Комична сцена на Ѓоковиќ со аргентинскиот тенисер Диего Шварцман

Нема, човекот е родено глумчиште! Како му текнува само во моментот што да каже. Во вежбална пред Австралија Опен тренираат Ѓоковиќ и одличниот аргентински тенисер Диего Шварцман. Во еден момент Шварцман проаѓа а Новак мртов-ладен го имитира Меси кога на Светското првенство од прес-зона му се пушти вербално на Холанѓанецот Вут Вергхорст.

„Qué mirás, bobo?, qué mirás, bobo?, Andá, andá para allá, bobo", - „Што гледаш, глупчо?! Ајде бегај, глупчо“, му викаше Меси во прес-зоната на Вегхорст и оваа реплика стана светски вирална.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

12 јануари 2023 - 13:50