Луда тројка на Јокиќ во последна секунда за победа

Денвер Нагетс имаше 15 поени предност на крајот од третата четвртина од дуелот со Орландо Меџик, но гостите се вратија и поведоа во последниот период. До крајот се играше кош за кош а на 1,2 секунди пред крајот при резултат 116:116 Никола Јокиќ реши да шутира преку високиот Франц Вагнер. И погоди за делириум во салата и нова победа на Нагетс.

Центарот на Денвер имаше нов трипл-дабл со 17 поени (8/11 од игра), 14 асистенции и 10 скока. Ова е 88-ми трипл-дабл учинок на Јокиќ во НБА кариерата. Најефикасен кај победникот беше Арон Гордон со 25 поени, 8 скока и 5 асистенции, а Мареј постигна 18 поени со 7 асистенции. Мајкл Портер одигра важна улога со 16 поени.

Кај Меџик, Фулц прв стрелец со 20 поени, 7 скока и 6 асистенции, Вагнер додаде 19 а првиот пик на драфтот Паоло Банкеро запиша 18 поени. Центарот Бол Бол го заврши мечот со 17 поени.

Денвер Нагетс и натаму е лидер на Западот со 30 победи и 13 порази а Орландо е 13-ти на Истокот со 16 триумфи и 28 изгубени средби.

16 јануари 2023 - 11:48