Клоцање среде дерби во Премиер лига какво што немало одамна

Арсенал со 0-2 го совлада Тотенхем на гости во големото лондонско дерби и се одлепи на огромни +8 пред Манчестер Сити на табелата. „Топџиите“ остварија голема победа над омразениот ривал кој не можеше да се помири со поразот на крај па еден навивач го клоцна голманот на Арсенал Рамсдејл кој ја доби наградата за играч не мечот откако бранеше совршено.

Рамсдејл после мечот изјавил: „Навивачите на Спарс ме навредуваа цел меч. И јас им возвраќав. Тие што им возвраќав не беа воопшто коректни а еден навивач се обиде и да ме удри од зад грб. Срамно е, ова е само фудбалски натпревар на крајот од денот. Играчи од двата тима се обидоа да ме тргнат на страна и среќа ништо драстично не се случи. Горчелив вкус имам но сигурен сум дека ќе славиме кога ќе се вратиме во соблекувалната.

 Од Тотенхем после дербито соопштиле дека ќе ги прегледуваат сигурносните камери со надлежните власти и дека изгредникот сигурно ќе биде казнет кога ќе биде откриен.

Головите од големото лондонско дерби:

Бразилски шмек на дербито на северен Лондон

Британски хумор најјак на свет

16 јануари 2023 - 10:02