Британски хумор најјак на свет

Во саботата во Премиер лига играа Евертон и Саутемптон. Гостите решиле да дојдат ден претходно и да преспијат во хотел во Ливерпул (растојанието меѓу градовите е 300 км). Во текот на ноќта некои навивачи на „карамелите“ распалиле огномет со цел да им го нарушат сонот на гостите. На крај Саутемптон победи 1-2 после пресврт па оставиле убав коментар и препорака на сметка на хотелот.

Прекрасен излет и најдобро спиење од кога и да е.

„Не можеме да најдеме доволно зборови да опишеме колку е добар Innside By Melia Liverpool!

Имавме важен бизнис пат во градот и тие беа совршени домаќини. Хотелот исполни сè што баравме и добро се одморивме за нашата средба што беше екстремно продуктивно.

Собите беа брилијантни, креветите неверојатно комфорни, и ролетните и тројните стакла... Оу вау! Буквално можеш да имаш огномет пред твојот прозор и никогаш да не знаеш дека имало огномет. Најдобро спиење што некогаш сме го имале!

Всушност, единствена ракета што ја забележивме цел викенд беше онаа на Џејмс Вард-Праус во мрежата во 78’ минута на Гудисон.

Дефинитивно ќе се вратиме повторно“.

Бразилски шмек на дербито на северен Лондон

Клоцање среде дерби во Премиер лига какво што немало одамна

16 јануари 2023 - 10:34