Македонија го стартува осмото учество на Светските првенства со пораз од 39:27 и веќе може да размислува на Холандија.
Maкедонската ракометна репрезентација играше добро и му парираше доста содилно на ракометниот гигант сè до завршницата од првото полувремето.
Проблемите настанаа при резултат 13:11 кога беше исклучен Мартин Серафимов, а Норвежаните тоа максимално го искористија и врзаа три погодоци.
Брзата серија на Норвежаните кои лесно наоѓаа пукнатини во македонската одбрана, резултатираше со предност од +7 на полувреме 18:11, клучно за победа.
Дополнителен проблем за Македонија, не само за овој туку и за следните натпревари може да биде повредата на Томислав Јагуриновски кој играше одлично сè до моментот на повредата.
Норвежаните искусно ја чуваа предноста во вториот дел која варираше, но не падна повеќе од -7. Моќниот противник сепак на крај беше немилосрден и им нанесе дебакл момците на Лазаров од 12 голови разлика.
Најдобар стрелец кај Македонија беше Филип Талески со 6 гола, Дејан Манасков постигна 5, а Филип Кузмановски и Костадин Петров по 4.
Следниот натпревар против Холандија e во недела од 18:00 часот.