Offside

19 златни, 19 сребрени и 12 бронзени за вкупна бројка од 50 медали на Италија, која доминантно го заврши Европскиот младински олимписки фестивал во Скопје. На втората позиција е Франција со 38, а трета е Шпанија со 33. Македонските натпреварувачи за жал останаа без најдрагоценото спортско одличје.

Хернанес се изнервира или е многу жеден?

36 годишниот Бразилец се прослави во Лацио, потоа заигра за Интер и Јуве, па му се подзагуби трагата. Еве го бе, кој го бараше? Се јави од бразилскиот тим Ресифе.

Селска финта во мак фудбалот, последен пат видена во 90-те

Селската финта совршено се вклопи во мега популарната Фејсбук страница „Сеоски фудбал“, која е насочена главно кон балканштината. Горд на неа е навивач на ФК Скопје во дуел со играч на Академија Пандев. Значи зборуваме за прва лига.

Вујо: Секоја победа е најмалку 50% на нашата публика

„Амбиентот и емоцијата која ја има во Скопје, не може да се најде никаде. Противничката екипа понекогаш се губи во таква атмосфера“.

Шпанска магична тики-така на 60 метри далечина

На последниот тренинг на Шпанија на величествениот „Сан Сиро“, каде вечерва од 20:45 ќе играат со Италија во полуфинале на Лига на нации, Феран Торес и Родри демонстрираа невозможна контрола на топка со долги додавања од 60 метри растојание.

Повеќе се тепаа отколку што играа хокеј

На мечот Тамба Беј Лајтенинг - Флорида Пантерс во предсезона на американската НХЛ лига гостите победија 2-3, ама мечот го одбележаа еден куп тепачки меѓу хокеарите.

Следува голем боксерски мегдан, трилогија меѓу кралот на Ромите и бронзениот бомбардер

Шампионот во WBC во тешка категорија Тајсон Фјури (30-0-1, 21 нокаут) во недела рано наутро по Средноевропско време ќе ја брани титулата против големиот ривал Дионтеј Вајлдер (42-1-1, 41 нокаут) во Лас Вегас, Невада, САД.

Со кошарката се збогува големиот Пау Гасол, најголема шпанска легенда

За него само во суперлативи збореа Рафа Надал, Расел Вестбрук, Наваро, Рики Рубио и уште многу други спортски великани. Неговата кариера е преполна со трофеи, признанија, титули, пехари, медали.

20 години од најпознатиот слободен на Бекам во кариерата

На „Олд Трафорд“ на 6 октомври 2001-ра година во последното коло од квалификации за Светско првенство 2002, Англија играше со Грција. Англичаните и Германците имаа исто бодови на табела и го држеа првото место.

Артуро Видал пак гипс се направил

Еден се мести да вози, друг му отвора врата, а тој едвај стои на нозе и се слика со фанови. Во еден момент колут назад фати да прави на Ферарито, па се вклучи алармот. Драма.

Од Белорусија стигна необична прослава на гол

Во белоруската најдобра лига фудбалерите на Гомељ во саботата на домашен терен на стадионот „Централњи“ играле против Славија. Мечот завршил 3-0 за Гомељ, а гледачите ќе ја памтат креативната прослава на еден од головите.

За спринтер во контра само Хакими му е мајката

Тргна од својот шеснаесетник, го мина цел терен како молња и ги претрча сите кои ќе ги видите во видеото. Што сакате повеќе? Во Борусија Дортмунд му измерија 36,49 км на час, апсолутен рекорд во историјата на Бундеслигата.

Чичко ви Чави да ве научи да играте како Барселона во мое време

Мозокот со топка кој 17 години везеше на Камп Ноу, веќе две и кусур години на фудбалски занает ги учи во катарскиот клуб Ал Сад, истиот каде ја заврши играчката кариера во 2019-та. И одлично му оди ако се суди по извонреднaва акција. 8 потези од гол на гол од кои 7 на прва. Совршено одиграно.

Тешка и навредлива порака за Донарума од навивачите на Милан

Титулата европски првак, признанието за МВП и интервенциите во финалето за Италија, не го перат Џиџо за начинот на кој го напушти Милан. Го пречекаа така како што не би посакал ниту еден повратник.

Од навивачите на Зенит за жртвите во Ленинград

„Знамето се вееше над домот, а непријателот се појави на небото и почна да кружи над градот“, e само една од паролите на навивачите на Зенит, во чест на жртвите во Ленинград за време на Втората светска војна. 80 годишнината од почетокот на опсадата, која е најтемна страница во историјата на градот, ја одбележаа на мечот од ЛШ против Малме на посебен начин.

Колку сакате чувајте ме, од лежење ќе ви дадам гол

Аиртон Коста има само 22 години, игра во одбрана и нема една цела година откако дебитирал за сениорскиот тим на Индипендиенте. Ништо од ова не го спречи да им продаде мангупарија на фудбалерите на Велез и тоа на гости. Ги понижи за сите пари.

Хабиб раскажа анегдота за муабетот со сер Алекс Фергусон

ММА ѕвездата и светски шампион Хабиб Нурмагомедов е познат како голем навивач на Манчестер Јунајтед. Минатиот викенд тој бил гостин на „Олд Трафорд“ на мечот со Евертон, а бил во друштво со Алекс Фергусон, Патрис Евра и Усеин Болт. Ферги им понудил вино на сите па така и на Хабиб.

Премиерот на Викторија до Новак Ѓоковиќ: „Тие титули нема да те заштитат, само вакцина за влез“

Од 17-ти до 30-ти јануари 2022-ра треба да се одигра новото издание на Австралија Опен, првиот Гренд Слем во сезоната.

Единствениот братски судиски тандем во ФИБА е од Македонија

Зоран и Игор Митровски ќе бидат запишани во историјата на европската кошарка, како први браќа судии кои ја делеле правдата на официјален натпревар на ФИБА.

Колку пари ќе изгуби еден од најдобрите кошаркари во НБА зошто одбива да се вакцинира?

Најдобрата кошаркарска лига на светот, НБА и Здружението на професионални НБА играчи ставиле потпис на договорот според кој секој кошаркар кој ќе пропушти меч поради тоа што не е вакциниран, ќе сноси финансиски последици од својот клуб во зависност од висината на договорот кој го има.

Голмански одбрани какви долго време не се виделе

Ветеранот од Приједор, Небојша Граховац има 37 години. Во 2010-та година од Босна Сарајево отиде во Шамбери и во францускиот ракомет брани ден-денес. Сега брани за Шарте а минатиот меч против Тулуз забележа две невозможни одбрани.

Нов циркус на Балотели во Турција

Ќе речеш се смирил, созреал, направи богата кариера и сега ќе ужива во фудбалот, а тој ќе те демантира секое наредно коло. Минатиот викенд во меч од турската Суперлига во една контра за потенцијален гол, застана да се тепа поради груб фаул. Неговиот тим Адана Демирспор славеше 1:2 на гости кај Анталија а стрелец на првиот гол беше Балотели.

Француски тим е исфрлен од Куп откако се изгубиле со клупскиот автобус во друг град

Тарбе е дел од регионалните лиги во Франција кој котира како шестолигаш, а ова што го известуваат за нив француските медиуми се како сцени од комичен филм. Влетале во велосипедска трка и тргале паркирани коли за да можат да поминат во селото. Па нема појако.

Напад на фудбалер врз судија за во затвор

Нисколигашкиот бразилски фудбал ни носи сцени со насилство кои никогаш не очекувавме дека ќе ги видиме меѓу играч и судија. Грдиот момент не вреди да се опише, а исходот е следен: Мечот е прекинат, судијата однесен во болница, а умоболниот го уапсиле.

Спектаклот на „Дербито на близнаците“ и најоригинална кореографија со детето како ултрас

Додека викендов фокусот беше ставен на пресметки како Ливерпул - Манчестер Сити и Атлетико Мадрид - Барселона, на Скандинавија се играше дербито со најголемо ривалство, кое трае точно 130 години. Домаќините блеснаа со кореографија за кавер.