На „Гордиот албион“ му требаше само победа против Грција на домашен терен, но работите не одеа како што мислеа.
Легендарниот шпиц Харистеас го смрзна „Олд Трафорд“ со гол а во вториот дел израмни Теди Шерингам. Една минута подоцна Николаидис одново ја носи Грција во водство, па Англија беше на праг на дебакл. Германија во тие моменти имаше златен бод поради резултатот 0:0 против Финска што директно ги носеше на Светско.
Англија чекаше чудо да се случи и бидна во 90+3’ минута.
На 30-ина метри од грчкиот гол беше свирнат фаул за Англичаните. Топката ја намести кој друг ако не Дејвид Бекам, еден од најдобрите изведувачи на прекини во историјата на фудбалот.
Historic. 🙌#OnThisDay 2️⃣0️⃣ years ago, David Beckham sent the #ThreeLions to the 2002 @FIFAWorldCup! 🤩pic.twitter.com/R69z3x3R1C
— England (@England) October 6, 2021