Од Белорусија стигна необична прослава на гол

Во белоруската најдобра лига фудбалерите на Гомељ во саботата на домашен терен на стадионот „Централњи“ играле против Славија. Мечот завршил 3-0 за Гомељ, а гледачите ќе ја памтат креативната прослава на еден од головите.

 

Ова не е прва ваква необична прослава на гол на фудбалерите на Гомел. Тие и во минатите сезони знаеа да празнуваат погодок на чуден начин:

Гомељ сезонава штотуку се врати во прва лига но веќе станал главно изненадување во белоруското првенство. После 25 кола екипата е на високо 5-то место (на само три бода и натпревар помалку од третопласираниот кој оди во Европа).

Клубот има и највисока посетеност во лигата. Во просек нивните домашни натпревари се најгледани во целото првенство, имаат по најмалку 5.000 гледачи.

6 октомври 2021 - 09:12