Значењето на темпераментната вардарова публика, најдобро ја опишува темпераментниот Веселин Вујовиќ кој е во тесна врска и со Комити и со Вардар.
Во интервју за Бекстејџ, црногорскиот стратег вели дека не требало да му стигне специјална покана за да се врати дома.
Покрај за атмосферата во Јане, набројува и кои ракометари на Вардар би ги вратил во Скопје и кои победи му се најдраги.
За навивачите на Вардар:
„Бев насекаде на сите страни во Европа и како тренер и како играч, но атмосферата и емоцијата која ја има овде во Скопје, не може да се најде никаде“.
„Јас пред секој меч ги повикувам навивачите. Не само што ја носат домашната екипа, туку вршат голем притисок на судиите, на противничката екипа која понекогаш се губи во таква атмосфера и ќе направат некоја грешка која ние ќе ја казниме. Секоја победа е најмалку 50% на нашата публика“.
Кои поранешни вардарци би ги вратил во тим:
„Играчите кои ги освојуваа европските титули со Раул, па Парондо, како Душебаев, Кристопанс, Циндриќ, сите би ги сакал назад, но сега е невозможно е да ги вратиме и повторно да ја направиме таа екипа. Ако успееме да го вратиме Карачиќ, тоа би било неверојатно и за мене како тренер и за навивачите, како и за квалитетот во клубот кој би го подигнал“.
Најдраги натпревари откако прв пат стана тренер на Вардар па до денес:
„Сите победи со Металург ми се драги, а овие од ЛШ доаѓаат и си заминуваат. Титулите кои ги освојувавме за време на Металург, финалето во Купот кога губевме -5, па направивме пресврт. Тоа ми се навистина драги натпревари на кои се сеќавам со задоволство. Верувам дека и Лино Червар би наброил такви кога го добил Вардар. Тоа беше посебна емоција која не се враќа.