Ноќта меѓу сабота и недела, или поточно во недела рано наутро по наше време, во арената „Т-мобајл“ во Лас Вегас, Невада, конечно ќе се реши прашањето на тоа кој е подобар боксер во големото ривалство меѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер.
Победникот од овој меч ќе се стекне со WBC појас и можност да боксува со подобриот од реваншот Усик - Џошуа во борбата за обединување на сите титули.
Првата битка меѓу овие двајца заврши со нерешен исход, Фјури убедливо ја доби втората кога буквално го претепа Вајлде како никој и никаде претходно и му го нанесе првиот пораз во кариерата по дури 42 триумфи од кои 41 со нокаут.
Дионтеј не зборуваше многу пред овој нивен трет меѓусебен дуел, но во понеделникот кратко изјави дека Фјури е „заебан преварант“.
Од друга страна, „Кралот на ромите“ како што е прекарот на Тајсон Фјури, како гостин во подкастот на Аријел Хелвани рече:
„Секако дека ќе лажам така што ќе му го скршам лицето. Според него тоа е лажење само зошто он не би смеел да изгуби. Така што, ќе лажам пак, ќе го претепам и ќе покажам дека е во право, па ќе ставам и коњски потковици во ракавицата и тука ќе има и динамит“, рекол Фјури.
.@tyson_fury responds to Deontay Wilder's cheating accusations:
— MMAFighting.com (@MMAFighting) October 4, 2021
"I'm going to cheat again. … I loaded my gloves with horseshoes and dynamite."
▶️ Watch full interview from #TheMMAHour: https://t.co/e68mxaiZJ8 pic.twitter.com/zEiqFA84tB
НАЈВАЖНИОТ МЕЧ ВО КАРИЕРИТЕ?
За Тајсон Фјури можеби не толку, но за Дионтеј Вајлдер во сабота ќе биде најважната битка во животот во која ќе му стои цела кариера. Победа ќе го врати на врвот а пораз ќе го фрли максимално далеку.
Американецот за третиот бој со Тајсон Фјури го спрема тренер кој нема баш искуство на највисоко ниво. Се вика Малик Скот и е некогашен боксер и голем пријател на Вајлдер кој во март 2014-та го нокаутирал сегашниот тренер за пола минута во еден меч.
Деонтеј претходно му врачи отказ на тренерот Марк Бреланд кој го спаси од сериозни последици на последниот реванш со „Кралот на циганите“.
Веќе се познати и хонорарите на тешкашите за нивниот трет меч. Тајсон Фјури ќе заработи гарантиран хонорар од 30 милиони долари, а Вајлдер 20 милиони долари. Исто така организаторите соопштија дека Британецот ќе добие и 60% од приходите од платениот пренос (pay per view).
Деонтеј Вајлдер кој низ кариерата во рингот излегуваше во необични костими, сега пак ќе има нешто интересно. Дизајнерите Козмо Ломбино и Донато Кроули соопштија дека Вајлдер ќе влезе во ринг во костим посветен на неговите предци од Нигерија.
„Многу посебен костим. Дионтеј лично зборуаше со нас за дизајнот, ни предложи да ставиме и црвена и црна боја кои ги одразуваат африканските корени на Вајлдер“, рекол Ломбино.
Во февруари 2020-та година реваншот меѓу Вајлдер и Фјури беше најавуван како најголем боксерски настан на годината но не донесе многу интриги. Фјури два пати го фрли во нокдаун противникот а во седмата рунда заслужено победи.
После поразот Деонтеј бесен ги обвинуваше сите освен самиот себе. Прво ги критикуваше дизајнерите на неговиот костим кој тежел 20 килограми, го кривеше судијата Кени Бејлис, а најмногу од сите тренерот кој фактички го спаси од сериозни проблеми ако борбата продолжеше.
„Новиот Дионтеј би го нокаутирал стариот за две рунди. Неговата концентрација се покачи за 10 пати, он тренира 100 пати попосветено. Ова е жесток тренинг логор. Има жесток ментал. Во трилогијата ќе гледате најдобра верзија на Дионтеј Вајлдер што некогаш сте ја виделе. Дионтеј е боксер-панчер (удирач), но сега ќе биде повеќе боксер кој може да се движи и брани повеќе. Му ги пренесов сите свои знаења кој ми ги дадоа моите учители“, рекол Малик Скот, некогашниот боксер и сегашен тренер на Вајлдер.