Можеби шведскиот фудбал ви е асоцијација за Малме и Златан Ибрахимовиќ, а земјата не толку фудбалска, колку хокеарска.
Но сепак има таму и други стари фудбалски приказни од кои се создала традиција, а посебно внимание заслужува дербито во Стокхолм меѓу екипите на АИК и Јургорден.
Се работи за најголемото и најжестоко дерби во Шведска и Скандинавија, со старо ривалство кое датира од 1891-ва година, кога не постоел на пример и еден Милан.
Двете екипи кои го сочинуваат таканареченото Tvillingderbyt (Дерби на близнаците) се најуспешни клубови во Стокхлом и имаат идентичен број на шампионски титули, по 12.
Инаку по број на титули во Шведска води Малме со 20.
Викендов ја имаа пресметката број 231 во нивната историја, а колку се израмнети докажуваат не само титулите, туку и скорот во нивните меѓусебни дуели. АИК го води Јургорден тесно 87:82, а вчера славеше со 1:0.
Она што го приредија и двете навивачки групи на стадионот на АИК, кој крцаше со 50.000 публика не се купува со пари, туку треба само да се доживее. Направија фешта за уживање и ги засенија сите други европски првенства.
Најголемиот впечаток кој остави белег е моментот со детето навивач, кое беше инспирација за навивачите на АИК да направат многу оригинална и симпатична кореографија.
Место да измислуваат разни керефеки со платна, конфети и знамиња, тие го одбраа него, онака оригинал како прав навивач со дрес и шал додека е во елемент.
Ова е момент кој ќе го памети не само тој, туку и цело тифо движење во Шведска и сите што следат фудбал.
Инаку ривалството на овие два клуба е големо и во хокеј на мраз и се смета како уникатно во Шведска.
Уживајте во овие прекрасни сцени. Еден од навивачите искоментирал:
„32 години гледам фудбал и се прашувам дали ова можеби е најубавото тифо што сум го видел“.
Storslagna tifon i Stockholmsderbyt! Spelarna är på väg in! Se matchen mellan AIK och Djurgården på https://t.co/U8GJcAsMFu pic.twitter.com/fufgInt150
— discovery+ sport 🇸🇪 (@dplus_sportSE) October 3, 2021