АИК го совлада Хамарби со 3:2 во шведското дерби на колото. Мечот заврши спектакуларно, со голчиште на Сикстен Густафсон во 83-та минута, кој ќе го памети доживотно. Се работи за дете од нивната школа.
Задок Јохана од Нигерија воодушеви со дрската соло акција и завршница во дресот на шведски АИК. Колку само махерски ја свитка на крај. Мајстор. А роден е 2007-ма.
Додека синоќа се биеја плејоф битки за пласман во ЛШ, 20 годишниот Виктор Линд се кандидираше за гол на сезоната во Шведска. И да, дечкото е левак, а погледнете го што изведе со десна за својот Норкопинг кој славеше против АИК со 3:1.
Додека викендов фокусот беше ставен на пресметки како Ливерпул - Манчестер Сити и Атлетико Мадрид - Барселона, на Скандинавија се играше дербито со најголемо ривалство, кое трае точно 130 години. Домаќините блеснаа со кореографија за кавер.