Италија вечерва на Сан Сиро ја пречекува Шпанија во полуфиналето на Лига на нации, а Донарума го чека репрезентативна обврска која нема да му биде лесно да ја одбработи.
Довчерашниот голман на Милан се враќа на мегдан кај навивачите на кои со отворена и навредлива парола закачена на мост, му кажаа што мислат за него откако ги напушти.
„Донарума, во Милан нема повеќе никогаш да бидеш добредојден. Срање од човек си“, гласи пораката.
22 годишниот голман, роден во Милано, неодамна даде изјава со надеж дека навивачите нема да го дочекаат со свирежи, но според овие најави тоа тешко дека ќе случи.
Тој ги нервираше навивачите бидејќи долго време се тегнеше околу продолжувањето на договорот, а на крај си замина како слободен играч.
Жешка тема е и на Твитер:
„Си замина без да му дозволиш заработка на клубот кој те израсна и кој како малолетник ти даде доверба и те направи професионалец на ниво. Не судиме за твоето заминувањето, туку за начинот на кој го стори тоа. Поради тоа, во Милано помеѓу Миланистите, немаш ниту еден навивач“.
„Донарума треба да биде исвиркан од сите кои го сакаат фудбалот, не само од навивачите на Милан, кои се жртви на ликови како Донарума и Рајола. Кој го сака фудбалот, не да може да свири вакви“.
Инаку Донарума доби шанса во сениорскиот тим на Милан од страна на Синиша Михајловиќ, кој прво го повика да биде трет избор во конкуренција на Диего Лопез и Кристијан Абијати во сезоната 2015/2016.
Во Серија А дебитираше на меч против Сасуоло и со 16 години и 242 дена, стана втор најмлад голман во историјата на италијанскиот фудбал.
За Милан има 251 настап и Суперкуп на Италија и ако продолжеше на Сан Сиро можеше да руши рекорди и да стане легенда, како еден Џиџи Буфон.